Како изгледа реновираниот студентски дом „Гоце Делчев“?

Како изгледа реновираниот студентски дом „Гоце Делчев“?

Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и денеска беа официјално пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен и воедно енергетски ефикасен, јави МИА. Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра се за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии. Покрај реновираните соби во кои студентите се сместени, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.



Со ова завршува комплетното реновирање на „Гоце Делчев“, каде што ќе може да бидат сместени околу 1.200 студенти или 30 проценти од капацитетот што го има студентскиот центар. Во наредна фаза треба да се заврши партерното уредување на овој дом.

Во крајна фаза е и проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и 2, а за подобрувањето на условите во иднина ќе треба да се заврши и реновирањето на заедничките простории на домот „Кузман Јосифовски-Питу“, па и таа зграда да се направи енергетски ефикасна.



Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски, изјави дека пред две години, кога ја презел функцијата, оваа институција имала долг од над 300 милиони денари, а сега е преполовен.

- Со намалување на проблемите што ги имавме поради старите инсталации и финансиските импликации, сега веќе не се соочуваме со проблеми како во минатите зими – студентите да немаат топла вода за бањање, парно греење итн. - рече Николовски.









Фото: Борче Поповски