Во Бристол се појави прекрасно уметничко дело на Бенкси за Денот на вљубените

Во Бристол се појави прекрасно уметничко дело на Бенкси за Денот на вљубените

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Уметничкото дело што се појави на еден ѕид од куќа во Бристол му припаѓа на уличниот уметник Бенкси.
Нацртано е девојче кое со чатал удира по црвени цвеќиња направени од бршлен.

Бенкси го објави делото на својот инстаграм-профил на полноќ, пред Денот на вљубените.

1
Фото: Twitter

Кели Вудруф, чиј татко го поседува имотот во Бартон Хил каде што било создадено делото, вели дека сакаат да го заштитат делото пред да пристигне бурата „Денис“.



- Со оглед на тоа што е Денот на вљубените, навистина е посебна работа да се има во 3Д-форма - вели таа.

2
Фото: Twitter

- Многу луѓе доаѓаат, уживаат во делото и го фотографираат. Имаше многу дебати дали е дело на Бенкси или не. Станува збор за неверојатно и прекрасно дело - додава таа.

3
Фото: Twitter

Извор: BBC
Фото: Twitter/Bristol Somali Community Association