Ќе се гради училиште направено од 3Д-печатени материјали

Ќе се гради училиште направено од 3Д-печатени материјали

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Меги Граут, основач на невладината организација „Тинкинг хатс“, планира да гради училишта користејќи материјал создаден со 3Д-печатач. Таа ќе користи технологија развиена од компанијата „Хиперион роботикс“, а во соработка со агенцијата „Студио Мортазави“ моментално работи на изградба на првото училиште изградено со 3Д-печатач во светот.



Училиштето ќе се наоѓа на Мадагаскар во Африка. Пилот-училиштето ќе биде изградено на универзитетскиот кампус на ЕМИТ во Фијанарантсоа, а во него ќе учат локалните ученици. Предвидено е градење на училиштето како комплекс од згради за ученици од основно и средно образование, со згради за научни и компјутерски лаборатории, библиотеки, сали за вежбање и училници за музичко и ликовно образование. Се планира и простор во кој би биле сместени наставниците и професорите.



Градбите ќе бидат споени, а на нив ќе има соларни панели и вертикални градини. Ѕидовите ќе бидат направени со 3Д-печатач, а покривот, вратите и другите елементи ќе бидат изградени со локални материјали. На ѕидовите ќе има простор за растенија, а тие истовремено ќе служат и за качување.

Во дизајнот не биле земени предвид безбедносните мерки воведени во пандемијата, но првото училиште треба да биде отворено кон крајот на оваа година или почетокот на следната.



Невладината организација планира да изгради уште десетина вакви училишта наредната година, а во тек е кампања за собирање финансиски средства за пилот-проектот и следните три училишта.

Автор: Чару Сури
Извор: architecturaldigest.com
Фото: Instagram