Дали знаете дека на „Инстаграм“ постои тајна видеоигра?

Дали знаете дека на „Инстаграм“ постои тајна видеоигра?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите знаат што е „Инстаграм“ и за што се користи. Но, дали знаете дека оваа социјална мрежа крие едноставна видеоигра која може да ви служи како занимација додека патувате или додека чекате одговор на порака.

Играта можете да ја играте на вашиот паметен телефон и може лесно да ја најдете. Доволно е да влезете во инстаграм-апликацијата, да го отворите полето за пораки, да изберете кој било разговор и да испратите емотикон. Потоа, допрете неколку пати на емотиконот и ќе ви се отвори прозорец, па со влечење на прстот по екранот ќе контролирате еден вид „лопата“ со која ги одбивате емотиконите во воздухот. Целта на играта е емотиконите да се задржат во воздухот што е можно подолго.

1
Фото: Факултети

Она што е особено забавно е што вие избирате со кои емотикони ќе играте. Односно, можете да изберете кој било емотикон од колекцијата, да го испратите на друго лице во разговорот и потоа да си играте со него.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Факултети