Реновираните простории на СИЦ - Прв настан за подигнување на свеста за врсничкото насилство

Реновираните простории на СИЦ - Прв настан за подигнување на свеста за врсничкото насилство

На 13 март 2025 година, Студентскиот информативен центар (СИЦ) при УКЛО беше домаќин на прва трибина посветена на темата „Врсничко насилство во училиштата во Општина Битола“. Настанот се одржа во реновираните простории на СИЦ, модерен и иновативен простор за креативност и напредни пристапи во образованието.

1

Присутните имаа можност да се запознаат со адаптираниот СИЦ, кој освен студентско место и собиралиште, прераснува и во колаборативен хаб, место за настани со владиниот и невладиниот сектор, стопанството и заедницата, што според актуелноста е потврдено уште со првиот одржан настан.

На официјалното отворање на тркалезната маса се обратија ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска, како и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Тие ги поздравија иницијативите за справување со врсничкото насилство, истакнувајќи ја важноста на заедничката работа меѓу различните општествени чинители за еден од најсериозните проблеми во образованието.

2

3

Во истражувачкиот тим покрај професорите од Правниот факултет: Ивона Шушак Лозановска, Ангелина Станојоска и Ице Илијевски, учествуваа и професорката Гордана Ристевска Димитровска од ВМШ и Елизабета Талеска од Центарот за социјална работа - Битола. Истражувањето опфати прибирање податоци кои ја анализираат состојбата со формите на врсничко насилство во училиштата на локално ниво и неговите последици врз младите, од што треба да произлезат адекватни предлог-програми, мерки и стратегии за справување со овој феномен.

4

5

Во завршниот дел, презентирани се прелиминарните резултати од истражувањето, при што е нагласена важноста од заедничката работа на сите општествени чинители во борбата против врсничкото насилство во училиштата, дека заедничката работа на сите општествени чинители е клучна за успешната борба против врсничкото насилство.

6

Тркалезната маса е оценета како значаен чекор во подигнување на свеста за еден од најсериозните проблеми во образованието, со цел обезбедување поголема безбедност и поддршка за учениците и ја потврди соработката на УКЛО со образовни и општествени институции - што е една од четирите главни насоки во екосистемот на Алијансата КОЛОРС.

(Комерцијална објава)