Скриените бисери на Европа - мали градови кои поретко се посетуваат

Скриените бисери на Европа - мали градови кои поретко се посетуваат

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

За вашето патување од соништата не треба да одите на најпопуларните места како Берлин, Париз и Барселона. Европа е полна со скриени мали гратчиња кои ретко се посетуваат, иако нивната убавина не е ништо помала од онаа на најпознатите туристички градови.

Во продолжение следува листа со најромантичните и најслатките дестинации:

Колмар, Франција

Овој прекрасен град се наоѓа на брегот на Франција, а неговата архитектура ги одразува германските и француските елементи. Колмар се смета за центар на винскиот регион Алзас бидејќи неговата сува клима овозможува производство на вино.

Манарола, Италија


Живописната Манарола се наоѓа во Италија, а најдобро е да се посети во пролет или во рана есен. Тоа е еден од најстарите градови во регионот Чинкве Тере, а црквата „Сен Лоренцо“ датира од 1338 година.

Ронда, Шпанија


Овој бисер на Шпанија се наоѓа во провинцијата Малага, а потсетува на сцена од „Господарот на прстените“. Легендата вели дека вештерките биле фрлани од високите карпи на Ронда во средниот век.

Халштат, Австрија


Овој град на истоименото езеро во Австрија, со дрвените куќички и необичниот изглед, секако е на листата со најубави места во светот и навистина вреди да се посети.

Анеси, Франција


Поради прекрасната река која минува низ градот и замокот во близина, Анеси наликува на место од бајка, а е идеално за романтични патувања.

Гиторн, Холандија


Селото Гиторн, кое се наоѓа во близина на Амстердам, има само 2.620 жители. Наречено е холандска Венеција бидејќи сообраќајот се одвива по вода, а интересно е што има дури 180 моста.

Делфт, Холандија


Скриениот бисер на Европа, Делфт, освен по неговиот Универзитет, е интересен и по тоа што во 1654 година речиси целиот град бил уништен во експлозија, во која трагично загинал еден од најперспективните студенти на Рембрант.

Извор: planet.hr

Фото: Instagram