Дејвид Линч: По пандемијата светот ќе биде подобар
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Каков ќе биде светот по коронавирусот? Дали ќе се вратиме на нашите стари навики или целиот овој дебакл конечно ќе нè направи поблиски?
Режисерот Дејвид Линч верува во второто.
Во интервју со веб-страницата „Вајс“, легендарниот режисер зборува за неговите надежи за иднината, велејќи дека верува дека животот по Ковид-19 ќе биде многу подобар и подуховен.
- Ќе биде поинаков свет и ќе биде поинтелигентен свет - вели познатиот режисер.
На прашањето како тој го поминува времето во изолација, вели дека многу медитира и работи на нови проекти од дома.
- Мојата рутина е приближно иста како и претходно. Прво станувам и пијам кафе. Веднаш сакам да почнам со кафето. Потоа медитирам и почнувам со работа - вели
Линч.
- Поради некоја причина, се движевме кон погрешната насока, па мајка природа рече: „Доволно е, треба да стопираме сè“. Ќе трае доволно долго за да почне нов начин на размислување. Мислам дека светот ќе биде подуховен и пољубезен и ќе нè зближи повеќе на силен и убав начин. Светот ќе биде поразличен и ќе биде поинтелигентен. Решенијата за овие проблеми ќе дојдат и животот ќе биде добар.
Филмовите ќе се вратат. Сè ќе се врати на подобар начин - вели тој.
Фото: Screenshot/YouTube