Летово ќе имаме директен лет до Малта
Меѓународниот аеродром во Малта го објави распоредот на летови за ова лето, на кој има директни летови со 32 земји, а меѓу нив е и Македонија.
На распоредот може да се види дека повторно се воспоставува поврзаноста со аеродромот и се враќаат летовите, кои, како и сите други, беа погодени од пандемијата. Сепак, од аеродромот нагласуваат дека како што се менуваат рестрикциите за патување, така и распоредот може да се промени.
Во декември Централната банка на Малта предупреди дека речиси половина од воздушните коридори на Малта се изгубени поради Ковид-19, поради што прометот во авиосообраќајот се вратил за 15 години.
Според распоредот, кој можете да го видите
тука, Македонците од 31 мај ќе можат директно да летаат до Малта со „Визер“.
Насловна фотографија: Pixabay