Концерти што влегоа во историјата: Овие музичари собраа милиони луѓе и срушија рекорди

Концерти што влегоа во историјата: Овие музичари собраа милиони луѓе и срушија рекорди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Концертите се многу повеќе од обични музички настапи. Тие се емоционална експлозија, моменти на заедништво што ги рушат границите и ги спојуваат луѓето преку универзалниот јазик на музиката. Некои од најлегендарните концерти во историјата се паметат по моќните емоции, други по спектакуларните сценски ефекти, а трети по неверојатните бројки што предизвикуваат восхит.

Во продолжение прочитајте за најмасовните концерти на сите времиња – настани што станаа симболи на цела ера и генерации.

3,5 милиони луѓе на концертот на Род Стјуарт - најмасовниот настап во историјата



На новогодишната ноќ во 1994 година, плажата Копакабана во Рио де Жанеиро беше домаќин на музички спектакл што ги руши сите рекорди. Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт настапи пред 3,5 милиони луѓе, што го направи овој концерт најпосетениот во историјата.

Станува збор за бесплатен концерт под отворено небо, организиран како дел од новогодишната прослава. Луѓето доаѓаа од сите страни на светот, а 4-километарската плажа беше преполна. Многумина го следеа концертот од бродови, балкони и покриви на околните згради.

Со безвремените хитови како „Maggie May“, „Do Ya Think I’m Sexy?“ и „Sailing“, Стјуарт ги внесе милионите посетители во новата година со енергија и харизма што и денес го прават еден од најомилените музичари.

3,5 милиони луѓе на музичкиот спектакл за 850-годишнината на Москва



На 6 септември 1997 година, руската престолнина прослави 850 години постоење со невиден музички спектакл. Францускиот електронски пионер Жан-Мишел Жар настапи на плоштадот пред Московскиот државен универзитет пред повеќе од 3,5 милиони луѓе. Овој настан останува запишан во историјата како еден од најмасовните концерти некогаш одржани.

Жоржи Бен Жор ја раздвижи Копакабана со 3 милиони обожаватели




На 31 декември 1993 година, еден ден пред спектаклот на Род Стјуарт, бразилската музичка икона Жоржи Бен Жор одржа бесплатен новогодишен концерт на истата плажа, Копакабана, пред 3 милиони луѓе.

Концертот беше вистински фестивал на бразилската музика и култура, а Жоржи Бен Жор со својот карактеристичен микс на самба, фанк и босанова ја претвори целата плажа во една огромна танцова арена.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Freepik