Пирамиди кои никогаш не престануваат да растат: Природен феномен што ќе го најдете во Босна и Херцеговина
Борис Трогранчиќ, фотограф кој неуморно ја истражува природата со својот објектив, пред некое време патот го однел до уште еден феномен во близина.
- Го искористив прекрасниот сончев ден за да посетам и фотографирам еден фасцинантен природен феномен во Босна и Херцеговина - песочните пирамиди во селото Данчиќи во близина на Фоча, кои се стари повеќе од 200 години - рекол тој.
Освен во Босна и Херцеговина, ваква формација се наоѓа само на три други места во светот (Србија, Италија и САД).
- Песочните пирамиди се изградени од песоклива глина и стануваат поголеми преку процесот на ерозија. Патот до ова место е асфалтиран и доста е лесно да се најде оваа локација. Самото место на пирамидата е прекрасно уредено, со патека и скали изградени околу пирамидите, како и видиковци кои нудат фантастичен поглед на оваа навистина единствена глетка. За разлика од многу локации што ги посетив додека фотографирав, на ова место не најдов никакво ѓубре, што е за пофалба - се надевам дека така ќе остане. Горд сум што вакви работи можат да се видат и посетат во Босна и Херцеговина - објаснил Борис.
Исто така, фасцинантно е да се забележи дека пирамидите продолжуваат да растат бидејќи процесот на ерозија не запира.
Извор: punkufer.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot