Награди за вакцина против ковид-19. Како се поттикнува вакцинирањето низ светот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дали веќе примивте вакцина против ковид-19? Многумина во светот веќе се вакцинирани, а дел од нив добиле и награда за тоа. Различни држави користат иновативни начини за да го зголемат бројот на вакцинирани жители.
Носење на вакцините поблиску до жителите
Една стратегија е олеснување на целиот процес. Во сојузната американската држава Луизијана, во која околу 40% од жителите се двоумат дали да се вакцинираат, се отвораат привремени центри за вакцинација на разни локации, како будистички храм, дом за бездомници, па дури и казина.
Мотивација на работното место
Многу компании преземаат мерки за да ги охрабрат вработените да се вакцинираат. „Ред рустер“ е една од компаниите што доделуваат бонуси за вакцинираните вработени. Компанијата им нуди на вработените бонус од 250 долари и два платени дена за одмор доколку се вакцинираат. „Мекдоналдс“ и „Дарден ресторант“ нудат платен одмор за вакцинирање.
Фото: Pixabay
Бесплатни пијалаци
Израел, која е меѓу водечките земји според процентот на вакцинирани жители, се врти кон баровите за да ги охрабри помладите жители да се вакцинираат. Во Тел Авив бил поставен центар за вакцинација надвор од бар, а се нудат вакцини што доаѓаат со бесплатен пијалак.
Пари и подароци
Кога сè друго ќе биде неуспешно, парите се решението. Вработените во администрацијата во Мериленд може да добијат 100 долари доколку се вакцинираат. Во Индија се нудат подароци, на пр., блендери, додека во Кина на некои места се доделуваат пакети јајца.
Автор: Ема Чарлтон
Извор:
weforum.org