Епидемија на осаменост: Зошто сме толку осамени и дали осаменоста може да нѐ убие?

Епидемија на осаменост: Зошто сме толку осамени и дали осаменоста може да нѐ убие?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Неодамна ѕвонеше телефон во тивка куќа во преградие на Белград. Госпоѓата од 80 години знаеше дека не е нејзиниот син, ниту нејзината ќерка, бидејќи бројот на идентификаторот не ѝ бил познат. Бил непознат број, но пријатен машки глас. Врсниците се препознаваат и тогаш кога ќе се слушнат. После објаснувањето дека тоа не е број од извесна личност која машкиот глас ја барал, човекот започнал да прашува што домаќинката прави низ дома, и да раскажува што тој правел тој ден. „Господине, што сакате вие од мене?“, прашала жената. „Сакам само да разговарам. Осамен сум“. Разговорот завршил со прашањето: „Дали може да Ви се јавувам од време на време, само за да разговараме?“

Статистичките податоци од побогатите земји покажуваат дека еден од тројца постари од 60 години живее сам, а половина од постари од 85 години живеат сами. Бројот на осамени  расте кај постарите од 60 години, и во оваа деценија скокна на 46%, од некогашните 10%.

Овој век е наречен век на осамените. Не е тоа субјективно чувство, да се биде сам со себеси и несреќен. Последните истражувања од Универзитетот Бригам Јанг велат дека зачекоривме во време кога се пушта црвениот аларм поради осаменост или чувството на тага поради недостаток на пријателите или друштво. Тоа е следното големо прашање за јавното здравје на нацијата, пред дебелината или злоупотребата на дрога. Чувството кое ја следи социјалната изолација или барем недостатокот на социјална кохезија го зголемува ризикот од смрт за 26%, вели новото истражување објавено во „Perspectives on Psychological Science“. Да се живее сам, да се нема друштво има многу полошо влијание врз здравите личности од самото чувство на осаменост, зголемувајќи го ризикот од смрт на 32%.

Биолошката потреба за друштво некои земји се обидуваат да ја решат со воспоставување на телефонски линии за осамени. „Со кој го прославивте роденденот?“, еден љубезен млад глас ја прашува 81 годишната бабичка. Тоа е моментот кога овој постар глас добива тажна нота на очај, трепери, а реченицата губи смисла - бидејќи не славела роденден и да, била сама. Тоа бил прв повик кој таа го добила во последната недела, а роденденот не е единствениот ден кој го поминала сама.

Осаменоста Емили Дикинсон ја објаснила како „хорор кој не се преживува“, која и таа своевремено била осамена, ретко излегувајќи од собата. Токму поради сите предупредувања, Велика Британија одлучил на национално ниво да се избори со она што го нарекува болест на модерниот свет и моментално води во оваа област. Освен оние чија работа е да разговараат со осамените стари лица, дури и пожарникарите поминале низ обука за патролирање и посета на домовите на старите и проверка дали се безбедни од пожар или осаменост. Осаменоста стана сечија грижа.

Постојат многу докази кои ја поврзуваат осаменоста со психичките проблеми и намалувањето на когнитивните и функционалните способности кај луѓето. Како показател за прерана смрт, осаменоста ја престигна дебелината меѓу факторите.

„Катастрофалниот ефект на осаменоста врз здравјето и самостојноста претставува клучен проблем за јавното здравје. Повеќе не е медицински или етички прифатливо да се игнорираат старите лица кои се чувствуваат осамено или маргинализирано“, вели д-р Карл Перисиното од Универзитетот Калифорнија.

Ова е битка која западниот свет се обидува да ја добие, а истражувачите се обидуваат да ја продлабочат обидувајќи се да ги сфатат нејзините корени на биолошко ниво. Невронаучниците од Институтот за технологија во Масачусетс, го открија влијанието кое го имаат негативните емоции од осаменоста врз одреден дел на мозокот поврзан со депресија.

Кога во 90-те години било јасно дека ова ќе биде раширено во блиска иднина, професорот по психологија на Универзитетот во Чикаго, Џон Касоро се посветил на проучување на осаменоста. Тој тврди дека осаменоста е слична како жедта, гладот или болката и е подеднакво непријатна.

„Одрекувањето дека се чувствувате осамено нема никаква смисла како ни одрекувањето дека не сте гладни“, вели тој. Но, зборот дека сте „осамени“ со себе носи негативна конотација, сигнализира слабост и неспособност да се поврзете со луѓето.

Осаменоста не ги погодува само постарите лица, иако има многу причини да изгледа така, а една од нив е заминувањето на децата и смртта на партнерот. Овие луѓе се полни со приказни од младоста, од времињата кога биле среќни, полни со знаење за минатото кое ние не го помниме.

Во последните неколку години осаменоста се проучува низ науката, а не само психолошки или социолошки. Некои од докторите започнале да ја проучуваат кога станале свесни дека постои нешто што го слабее организмот на пациентот, а тоа не е болест. Овие пациенти кои ја признавале осаменоста имале заедничка нишка: проблеми во извршувањето на секојдневните способности, послаба мобилност, а умирале во просек шест години откако биле следени.

Прв важен чекор е, како што велат научниците, да се препознае проблемот на осаменост како здравствен проблем на нацијата. Втор чекор е мажите и жените подеднакво да побараат помош, бидејќи, како што велат Британците, 70% од повиците се од осамени постари жени.

Автор: Зорица Марковиќ