Мајка од Србија преку билборд му се извини на синот што не верувала дека ќе заврши факултет

Мајка од Србија преку билборд му се извини на синот што не верувала дека ќе заврши факултет

Љубовта на мајките кон децата не може да се измери и нема нешто што една мајка не би го направила за своето дете. Иако мајките некогаш ни се лутат без потреба, секогаш се подготвени да ја признаат грешката. Еден билборд кој осамна на улиците во Белград, Србија, е доказ за тоа.

Имено, жителите на српската престолнина фотографирале порака која една мајка му ја испратила на синот преку билборд.

- Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам, сине, небото е граница! Мама Дијана - гласи пораката.

Веруваме дека мајката е горда на својот син.



Извор: Telegraf