Јапонскиот начин на размислување „укеиреру“ би можел да биде клуч за вашата среќа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Како можам да бидам среќен? Сите сакаме да го знаеме одговорот и да го следиме во нашите животи. На пример, 2,8 милиона луѓе се запишале на популарниот онлајн-курс „Наука за благосостојбата“ на Универзитетот „Јеил“, дизајниран за да ја зголеми вашата среќа.
Клиничкиот психолог Скот Хас открил освежувачки едноставен и ефикасен начин за постигнување среќа преку неговото интимно искуство со јапонската култура со години. Не мора да бидете Јапонец за да го практикувате.
Според Хас, „укеиреру“ или прифаќање е клучот за среќата.
- Укеиреру значи многу повеќе од самоприфаќање. Значи прифаќање на нашите односи во нашите семејства, на училиште, на работа и во нашите заедници. Значи прифаќање на другите - вели тој.
Живеењето во општества каде што се слави индивидуализмот на луѓето им предизвикува тешкотии да прифатат нешто друго освен себеси. Но, укеиреру не значи потчинетост или предавање. Откако ќе го прифатите она што ве опкружува, имате можност смирено да набљудувате и да забележите дека сте само дел од општеството, и тоа не толку важен. Како резултат на тоа, можете полесно да разберете други гледишта и едноставно нема да реагирате на некоја личност или настан за кои сте вознемирени. И нема да бидете постојано под стрес.
Хас ја разјаснува оваа идеја на укеиреру со многу интригантни примери. На пример, тишината е форма на укеиреру. Тој опишува дека во Јапонија тишината се користи за комуникација со другите и е далеку поефикасна отколку зборовите. Помага да се изгради доверба, да се изрази почит и да се учи преку слушање и набљудување. Ако сте зафатени зборувајќи и нудејќи ги вашите мислења, не можете да примите одредени работи.
Сето ова звучи одлично. Но,
Јапонија има фундаментално различна социјална структура каде што групите се клучни за постоењето. Како да ја применете оваа практика на прифаќање во поиндивидуалистичко западно општество? Треба да сте свесни за универзалната вистина - дека сте само дел од многу групи на кои се потпирате. И на крајот од денот, не сте сами.
- Кои сме ние и што можеме да станеме е дефинирано од вашиот однос еден со друг - тврди Хас.
Како психолог, тој работи со лица од заедниците каде што има урбана сиромаштија и честопати ги интервјуира невербално. Ова го објаснува неговото остроумно набљудување на јапонското општество.