Се продава куќата што ѝ била инспирација на Емили Бронте за „Оркански височини“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Куќата што се смета дека ѝ била инспирација на Емили Бронте кога го пишувала класикот „Оркански височини“ во 19 век сега се продава за повеќе од 1 милион фунти.
Понден Хол во Стенбери, Западен Јоркшир, датира од 1541 година. Бронте и нејзиното семејство ја посетувале во текот на нивното детство. Се смета дека неколку делови од имотот ја инспирирале за пишување на оваа книга.
Во 2014 година куќата била претворена во хотел, кој во моментов го водат сопствениците Стив Браун и Џули Акхурст.
Сестрите Емили и Ана, кои почнале да пишуваат додека биле деца, заедно со нивната сестра Шарлот, наишле на куќата по обилни врнежи од дожд во септември 1824 година. И покрај тоа што ова била прва средба на девојчињата со Понден, тие продолжиле да ја посетуваат куќата, која им обезбедила инспирација и за „Оркански височини“ и за „Станарката на замокот Вајлдфел“.
Фото: Strutt and Parker
Библиотеката во Понден, која се сметала за една од најдобрите во Западен Јоршкир и која можела да се пофали со првото портфолио на Шекспир, била особено привлечна за сестрите Бронте, кои често оделе и ја користеле.
Браун вели дека тоа што еден обожавател на Бронте побарал да остане во библиотеката било клучно да ја претвори куќата во хотел. Главната спална соба за гости има мал дрвен прозорец, кревет со кутии и има сличности со прозорецот што се појавува во
„Оркански височини“.
- Ова е собата во стариот дел од куќата во која има мал прозорец кој ја инспирирал Емили да ја напише приказната за духот на Кети. Има сцена во која г. Локвуд спие во креветот и има кошмар во кој духот на Кети влегува низ прозорецот - додава тој.
Фото: Strutt and Parker