Оваа компанија ќе ви плати 10.000 долари за да патувате низ светот

Оваа компанија ќе ви плати 10.000 долари за да патувате низ светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако отсекогаш сте сонувале да патувате низ светот и да ви платат за тоа, ова е вашата можност да започнете искуство што ќе ви го промени животот. Сето тоа е благодарение на моќниот веб-прелистувач „Шифт“.

„Шифт“ вработува главен офицер-номад кој ќе добие 10.000 долари за да патува низ светот еден месец. Во оваа улога, кандидатот ќе го користи веб-прелистувачот во текот на неговиот номадски начин на живот 30 дена почнувајќи од 7 октомври 2024 година. Од новиот вработен ќе се бара да ја сподели неговата содржина на социјалните медиуми и блогот на „Шифт“ и да создаде дигитален номадски водич за да им помогне на другите што сакаат да патуваат и да работат од далечина.

Главниот офицер-номад ќе добие компензација до 10.000 долари за патни трошоци, како авионски билети и хотели. Во замена, тој треба да создаде уникатна содржина за луѓето низ светот. Целта е да се инспирираат другите номади со неговите најдобри совети за управување со работата и приватниот живот од друга земја и во уникатна ситуација.

Барањата што треба да се земат предвид за новата работа во „Шифт“ се едноставни, но погрижете се да ја истакнете вашата најдобра креативна страна бидејќи конкуренцијата ќе биде жестока. Кандидатите можат да аплицираат од 10 до 20 септември со објавување видео од 60 секунди на нивниот профил на „Тик-ток“ или на „Инстаграм“, во кое ќе опишат зошто се идеални за оваа работна позиција, тагнувајќи го профилот на компанијата и додавајќи го хаштагот #ShiftCNO.

Извор: Forbes.com
Фото: Freepik