Еволуцијата на човекот продолжува - развива средна артерија
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Научници откриле нов начин на кој луѓето продолжуваат да еволуираат.
Пред да се родат, бебињата имаат средна артерија што носи крв од подлактницата до дланките. Набргу по раѓањето оваа артерија исчезнува кај повеќето луѓе и е заменета од други две артерии. Но, ново
истражување покажува дека процентот на луѓе што ја задржуваат оваа средна артерија се зголемува од 18 век, а тоа е доказ дека нашиот вид продолжува да развива нови биолошки карактеристики.
Мациеј Хенеберг, еден од авторите на истражувањето, објаснува дека станува збор за микроеволуција кај модерните луѓе.
Истражувањето открива дека само 10% од родените во 80-тите години на 19 век ја задржувале оваа средна артерија, а во доцниот 20 век процентот изнесува 30%.
Фото: Pixabay
Истражувачите заклучуваат дека ова е најбрза еволуција на човекот во последните 250 години. Доколку трендот продолжи, а истражувачите мислат дека тоа ќе се случи, луѓето со средна артерија ќе станат норма наместо исклучок до 2100.
Ова звучи фасцинантно, но може да има здравствени компликации бидејќи средната артерија се поврзува со компликации кај луѓето со синдром на карпален тунел.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com