Ова е најинтересната населба во светот за 2021 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Населбата Норебро во Копенхаген, Данска, го освои првото место на листата со најинтересни населби за 2021 година. Населбата беше избрана по анкетирањето на 27.000 жители на градови низ целиот свет.
Норебро е избрана за најдобра
населба во светот поради нејзината извонредна гастрономска понуда и многубројните историски знаменитости што се истакнуваат во комбинација со модерната архитектура, но и поради многубројните локални иницијативи и генерално позитивниот дух на заедницата.
- Оваа мултикултурна населба во Копенхаген е мешавина од историски знаменитости, ултрамодерна архитектура и гастрономски понуди. Дури и во текот на оваа тешка година во оваа населба се отворија нови пекарници, ресторани и барови со локални вински понуди. Сите овие места се фокусираа на локалните, сезонски производи и намирници. Оваа година цветаа и локалните иницијативи - беше воведена недела без автомобили и го заменија сообраќајот со музика во живо и пазари. Исто така, интерактивната уметничка изложба „Усинлиг Стиер“ донесе живот во населбата и внесе боја и во најранливите делови на соседството - пишува „Тајм аут“.
Ова се 10. најинтересни светски населби:
1. Норебро, Копехаген, Данска
2. Андерсонвил, Чикаго, САД
3. Јонгно 3-га, Сеул, Јужна Кореја
4. Леит, Едибург, Шкотска
5. Стејшн Дистрикт, Вилнус, Литванија
6. Челзи, Њујорк, САД
7. XI Дистрикт, Будимпешта, Унгарија
8. Нгор, Дакар, Сенегал
9. Саи Кунг, Хонгконг
10. Ричмонд, Мелбурн, Австралија