Две лица комуницирале во сон: Научната фантастика претворена во реалност
Првпат две лица успешно комуницирале во сон. Историската пресвртница била постигната од истражувачите во „Ремспејс“. Истражувањето покажало дека луцидните соништа можат да отклучат нови димензии на комуникацијата.
Лицата размениле едноставна порака со специјално дизајнирана опрема. Инаку, поимот луциден сон е феномен кога човек знае дека сонува додека сè уште е во состојба на сон.
Постигнат за време на РЕМ-спиењето, луцидниот сон е феномен кој може да има потенцијални примени, од решавање физиолошки проблеми до учење нови вештини. Компанијата има цел РЕМ-спиењето да биде следниот револуционерен напредок по вештачката интелигенција, подготвен да ја револуционизира цивилизацијата. Ова убедување нè поттикнува да развиваме иновативни технологии и услуги, со цел да бидеме пионери на ова патување.
Компанијата тврди дека РЕМ-спиењето им овозможува на луѓето да се нурнат во целосно развиена реалност каде што можат да гледаат, слушаат, допираат, мирисаат, вкусат, да доживеат задоволство и болка, па дури и да го променат своето тело и пол. За разлика од физичката реалност, РЕМ-спиењето е ослободено од ограничувања и правила.
Во експериментот учесниците спиеле во своите домови кога нивните мозочни бранови и другите полисомнографски податоци биле следени од далечина со специјално развиен апарат. Кога серверот открил дека првиот учесник влегол во луциден сон, генерирал случаен збор и му го испратил на другиот преку слушалки. Учесникот го повторил зборот во својот сон, а неговиот одговор бил снимен и зачуван на серверот.
Следниот учесник влегол во луциден сон осум минути подоцна и ја примил зачуваната порака од првиот учесник. Тоа било потврдено по будењето, означувајќи го на тој начин првиот „разменет разговор“ во сон. Ова значи дека експериментот успешно постигнал сличен концепт каков што е прикажан во филмот „Инсепшн“.
Компанијата тврдела дека уште две лица можеле да комуницираат со серверот преку нивните соништа. Успешната комуникација била постигната по речиси пет години истражување и технолошки развој. По првата комуникација, истражувачите работат на подобрување на нивната технологија.
„Ремспејс“ прави напори да постигне комуникација во реално време во луцидни соништа.
- Вчера комуникацијата во соништата изгледаше како научна фантастика. Утре ќе биде толку вообичаено што нема да можеме да ги замислиме нашите животи без оваа технологија - истакна Мајкл Радуга, основач и извршен директор на „Ремспејс“.
Тој истакнал дека ова ја отвора вратата за безброј комерцијални апликации, преобликувајќи го начинот на кој размислуваме за комуникацијата и интеракцијата во светот на соништата.
Извор: interestinengineering.com
Фото: YouTube screenshot