Минималната брзина не постои, но казни постојат: Еве колку најмалку можете да возите на автопат во Германија

Минималната брзина не постои, но казни постојат: Еве колку најмалку можете да возите на автопат во Германија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу луѓе мислат дека има минимално ограничување на брзината на автопатите, но тоа не е точно.

Германскиот клуб на автомобилисти им даде одговор на возачите кои се прашуваат колку е минималното ограничување на брзината на автопатите во Германија, Швајцарија и во Австрија.

Поимот за минимална брзина не постои во германскиот закон за патен сообраќај. Законот вели дека на автопатите е дозволено да возат само оние возила кои поради нивната конструкција можат да возат побрзо од 60 километри на час. Токму затоа митот за ограничување на брзината на автопатите се прошири меѓу возачите.

Сепак, тоа не значи дека треба да возите најмалку 60 километри на час на автопат, туку можете и побавно. Но, само ако постои добра причина, инаку би можеле непотребно да го попречите сообраќајот, со што ризикувате да добиете казна од 20 евра.

Минимална брзина на автопатите во Австрија и во Швајцарија


Во Австрија законот е сличен на оној во Германија и тој предвидува моторните возила на автопатите да бидат технички способни да достигнат брзина од 60 километри на час. И овде мора да постои оправдана причина за на автопат да се вози многу побавно. Причините може да вклучуваат временски услови, услови на патот или сообраќај.

На швајцарските автопати нема утврдена минимална брзина, но од 2016 година е воведен закон кој налага само возилата што можат да возат со брзина поголема од 100 километри на час да можат да ја користат левата лента на автопатот. Оваа мерка има цел да го подобри протокот на сообраќај.

Извор: n1.info.hr
Фото: Freepik