Знаци што покажуваат депресија кај мажите
Клиничката депресија може да предизвика тага и загуба на интерес кон некогашните пријатни активности. Додека симптомите често се исти, мажите почесто се жалат на следните знаци доколку страдаат од депресија.
1. Замор
Луѓето што се депресивни се подложни на низа физички и емоционални промени. Тие можат да доживеат замор, како и психо-моторна ретардација или забавување на физичките движења, говорот и мисловните процеси.
2. Премногу/премалку спиење
Проблемите со спиењето, како несоницата, раното будење наутро или прекумерното спиење, се заеднички симптоми за депресија.
3. Болки во стомакот или во грбот
Здравствените проблеми како дијареја и/или главоболки и болки во грбот се чести кај депресивните луѓе.
4. Раздразливост
Мажите што се во депресија често пати покажуваат знаци за раздразливост. Често се зборува за емоционална компонента, како и негативни мисли.
5. Проблеми во концентрацијата
Психо-моторните проблеми може да ја забават способноста на човекот за обработка на информации, а со тоа се нарушува концентрацијата на работата или на други задачи.
6. Гнев и непријателство
Некои мажи манифестираат депресија со тоа што се непријателски расположени, вознемирени или агресивни.
7. Стрес
Поголема е веројатноста мажите да ги прикажат симптомите на депресија како стрес. Тоа не значи дека се соочуваат со поголем стрес, туку дека ова е посоцијално прифатлива состојба.
8. Немир/вознемиреност
Постои силна поврзаност меѓу анксиозните нарушувања и депресијата. Иако е поголема веројатноста оваа состојба да се појави кај жените, често е полесно за мажите да зборуваат за чувство на анксиозност отколку за тага.
9. Злоупотреба на супстанции
Злоупотребата на супстанции често ја придружува депресијата. Истражувањата покажуваат дека кај алкохоличарите речиси два пати е поголема веројатноста да страдаат од депресија.
10. Сексуална дисфункција
Депресијата е честа причина за губење на желбата и појавување на еректилна дисфункција, и е еден симптом кој мажите не сакаат да го кажат.
11. Неодлучност
Некои луѓе природно имаат тешкотии во донесувањето одлуки, така што неспособноста да направат избор е загрижувачка тогаш кога ова однесување е ново.
12. Самоубиствени мисли
Кај жените е поголема веројатноста да се обидат да се самоубијат, но мажите имаат четири пати поголеми шанси да умрат ако се обидат да се самоубијат. Една од причините е тоа што мажите избираат посмртоносни методи.