Интересен експеримент: Како едноклеточен организам детално „погоди“ како ќе се шири коронавирусот?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Уметница од Институтот за технологија во Масачусетс одлучи да го прикаже ширењето на пандемијата низ САД на многу интересен начин.
Наместо да користи компјутерски модели и виртуелна реалност, Диемут Стребе користела мувла.
Поточно, едноклеточниот организам „Physarum polycephalum“, односно мувла, што досега покажа исклучителни можности и се однесува речиси интелигентно иако нема мозок или нервен систем.
Во рамките на проектот Стребе и нејзините соработници од Институтот ставиле мувла на картата на САД. Мувлата била поставена на првите 10 места што бележат илјадници случаи на Ковид-19 дневно. Потоа ја пуштиле мувлата да расте и забележале дека овој едноставен организам детално погодил како се ширел вирусот низ САД помеѓу март и октомври 2020 година.
Она што го прави видеото особено впечатливо е звукот што го следи, што всушност ги илустрира ултразвучните бранови што го следат движењето на микроорганизмите.
Како што самата објаснува, научниците можеле да стават дополнителни бариери што ќе го спречат или забават ширењето на мувла, исто како што одредени епидемиолошки мерки ќе го забават или запрат ширењето на вирусот. Но, со оглед на тоа што такви, сеопфатни мерки не постоеја во САД, се создадоа можности за ширење.
За подобро да го илустрира ужасот во кој се најдоа САД за време на пандемијата, научниците одлучиле да спроведат дополнителен експеримент за следење на развојот и ширењето на коронавирусот преку „очите“ на мувлата, почнувајќи од места каде што бројот на новоинфицирани дневно беше помал од 1.000 луѓе.
Снимката од тој експеримент допрва треба да се објави.
Фото: Screenshot/Hydra