Скијање, прошетка на студено време, сауни... Навики поради кои Скандинавците се здрави и се во одлична форма

Скијање, прошетка на студено време, сауни... Навики поради кои Скандинавците се здрави и се во одлична форма

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во последниве години многу се зборуваше за скандинавскиот начин на живот, така што можеме да кажеме дека концептот на „хиге“ е присутен и кај нас. Исто така, Скандинавците водат здрав живот, нивниот животен век е долг, а квалитетот на животот е исклучително висок. Заслужни за нивниот добар и здрав живот се и следниве навики:

Повеќе сакаат скијање отколку сала за вежбање

Иако повеќето Норвежани живеат во градови, уживањето во природа и понатаму е високо на списокот со приоритети за голем број граѓани. Тие веруваат дека времето поминато во природа е исклучително важно, за што дури имаат и посебен збор - „фрилуфтслив“. Но, важно е да се каже дека физичката активност за нив не значи само согорување калории, туку и наоѓање задоволство во она што го прават. Затоа, на пример, добар дел од Норвежаните наместо сала за вежбање избираат скијање, лизгање на мраз, прошетка во шума, пливање во езеро и слично.

Путер наместо масло

Скандинавците сметаат дека путерот е поздрав од маслото, па додаваат мало парче путер во различни видови храна - супа, месо, зеленчук... На овој начин храната станува похранлива, а истовремено Скандинавците веруваат дека значителен внес на маснотии е добар во борбата против дебелината.

skandinavci
Фото: Freepik

Нема лошо време, има само несоодветна облека

Норвежаните буквално се држат до ова мото, па затоа немојте да бидете изненадени од фактот што Норвежаните возат велосипед рекреативно среде зима, и на дожд и на снег. Ниските температури го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат квалитетот на спиењето и го регулираат апетитот.

Благо за децата само во сабота

Во шведските градинки не се користат шеќери при приготвувањето на оброците. Покрај тоа, децата воопшто не јадат благо пред втората или третата година. Но, дури и кога ќе пораснат, благото обично се јаде само во сабота или на празници.

Сауна

По долгите прошетки на студеното време, најмногу што сакаме е да се загрееме. Скандинавците обожаваат сауни, ги користат исклучително често и ако некој ве покани да одите во сауна, тоа е знак дека ве почитува. Сауна редовно посетуваат и мажите и жените, па можеби во тоа лежи тајната за здравиот живот и добриот тен.

Исхрана

Повеќето Скандинавци претпочитаат да јадат дома, а поради балансираната исхрана и активниот животен стил, тие изгледаат добро и се здрави. Црвеното месо е ретко на менито, а се јаде многу риба.

Времето за кафе е многу важно


Швеѓаните го користат зборот „фика“ што буквално се преведува време за кафе или торта, но во реалноста значи многу повеќе од тоа. Тоа е време кога не работите и уживате со пријателите. Фика не е само пауза за кафе, туку начин на забавување и размислување за работите. И додека во други земји луѓето земаат кафе за носење или го пијат „од нога“, во Шведска оваа пауза не се доведува во прашање.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik