Процедура за упис на студии во Германија
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
За да започнете да учите на високообразовните институции во Германија, треба да поднесете барање за одобрување на студиите. Постојат две различни опции (опишани подолу).
1. Доколку сакате да започнете со студирање кое е под
„numerus clausus“, апликацијата се прави директно преку универзитетот на кој сакате да студирате или преку „uni-assist“.
2. Доколку сакате да започнете со студирање кое не е под „numerus clausus“, апликацијата се прави преку академската канцеларија за странци од избраниот факултет или преку „uni-assist“.
Во случај на одобрување на студиите, студентот добива известување за одобрувањето. После тоа, потребно е да направи регистрација. За упис потребно е лично да се појави.
Деталните информации за потребната документација за запишување може да ги побара кај студентската служба на факултетот или може да се симне од интернет страната на училиштето. Најважните документи кои треба да се достават при аплицирањето се:
- Пополнет формулар за упис
- Потврда за одобрување на студирањето (за да се добие потврдата, поголем дел од овие документи тука треба да бидат приложени таму)
- Сведоштво
- Потврда за познавање на германски јазик
- Можно е да е потребна потврда за успешно положен приемен испит
- Потврда за здравствено осигурување
- Пасош
- Слика за пасош
Важно е да се напомене дека сите копии и сите преводи мораат да бидат заверени, односно треба да имаат печато од овластено лице.
Исто така, важно е да знаете дека постојат два вида на сојузен „numerus clausus“.
1. Bundesweiter numerus calusus важи низ цела Германија, а се однесува на студирање биологија, медицина, фармација, психологија и стоматологија. За овие студии, постојат одредени критериуми за успешно запишување кои важат насекаде низ Германија. Подетални информации можете да пронајдете тука.
Вториот сојузен numerus clausus или „lokaler numerus clausus“ важи само за одредени универзитети и зависи од изборот на студиите.
Некои универзитети исто така спроведуваат одредени изборни постапки, како на пример мотивационо писмо или специфичното предзнаење е земено во предвид.
Uni-Assist (www.uni-assist.de)
Uni-Assist е канцеларија низ преку 85 институции за високо образование за меѓународни студенти во Германија. Оваа канцеларија ги поддржува студентите при запишување, но истовремено проверува дали ги исполнувате условите за студирање во Германија. Преку Uni-Assist исто така можете да аплицирате на повеќе установи за високо образование.
Апликацијата преку uni-assist е потребна доколку досега сте студирале на некој факултет, односно да проверите дали вашиот универзитет е дел од Uni-Assist.
ОВДЕ можете да проверите дали Универзитетот е дел од Uni-Assist. Документите кои треба да ги пополнете можете да ги пронајдете на
ОВОЈ ЛИНК.
Апликацијата преку Uni-Assist чини 68 евра. За секоја дополнителна апликација потребни се дополнителни 15 евра.
Формални предуслови за упис на универзитетите во Германија:
- Признато средно образование
- Потврда за успешно положен приемен испит
- Доказ за успешно завршена/завршени години на универзитетот на кој сте биле досега
Можат да се запишат ученици кои веќе успешно ја завршиле прва година
- Познавање на германскиот јазик
За студирање во Германија потребен е доказ за добро познавање на германскиот јазик. Јазикот на кој се одвива наставата на германските универзитети, по правило е германски, освен во некои посебни случаеви. Пред почетокот на испитот потребно е да се полага „испит за познавање на германски јазик за студирање“, односно полагање на тестот TestDaF. Од ова правило се ослободени само студентите кои својата матура ја полагале во Германија, на едно од признатите германски училишта во странство или кои поседуваат соодветен јазичен степен од Гоете институтот или Конференцијата на Министерството за култура. Термините за полагање на германски јазик универзитетите самостојно ги одредуваат. TestDaF - испитите можат да се полагаат на различни центри ширум Германија.
- Евентуално полагање на приемниот испит на германски универзитет доколку постои.
За престој во Германија потребна ви е виза. Деталите за постапката можете да ги пронајдете
тука.