Нешто повеќе за Џ.Р.Р. Толкин

Нешто повеќе за Џ.Р.Р. Толкин

Подготвил: Драгана Петрушевска

Тој ги воодушевува читателите од сите возрасти со децении. Својата приказна за хобитот ја започнал и развил во поголема приказна која ја знаеме како „Господарот на прстените“. Успехот на романите е огромен. Самиот Толкин бил голем човек за кого знаеме премалку.


Прва светска војна

Некои луѓе сметаат дека приказните на Толкин биле напишани под влијание од настаните во Втората светска војна, но вистината е дека приказната била напишана порано и била под влијание на искуствата на Толкин во Првата светска војна. Имено, Толкин се борел во војната, како и многу други млади луѓе. Подоцна самиот признал дека искуствата од војната влијаеле на него.


Другите приказни на Толкин

Доколку се надевавте дека ќе гледаме други филмски адаптации на книги од Толкин по „Хобитот“, веднаш ќе ве разочараме. Сите други приказни се во сопственост на Кристофер Толкин, кој не е среќен со филмуваните верзии од приказните. Освен тоа, договорот на Толкин со студиото вклучувал делење на профитот, но поради големите трошоци за снимањата, студиото се обидува да го одбегне исплаќањето.


„Битлси“ сакале да адаптираат негова приказна во филм

Помеѓу првите луѓе кои сакале да ги добијат правата за адаптирање на „Господарот на прстените“ во филм била музичката група „Битлси“, кои сакале да ги играат главните улоги и ја побарале помошта од Стенли Кјубрик за реализација. Тој ја одбил идејата и музичарите не ги добиле правата.


Филолог

Тој е познат како писател, но тој бил позаинтересиран во јазиците отколку во пишувањето. Тој го сакал јазикот од рана возраст. Зборувал англиски, латински, германски и француски уште како мал, а подоцна научил и фински и староанглиски. Во пишувањето самиот создал дури пет јазици за книгите.


Несогласување со К.С. Луис

Тие биле добри пријатели. Толкин бил професор на Оксфордскиот универзитет. Двајцата дискутирале за книжевноста и теологијата. Но, Толкин не сакал алегорија, додека Луис ја сакал христијанската алегорија, што ќе предизвика несогласување помеѓу двајцата кое никогаш нема да биде решено.


Тој и автомобилите

Во времето на Толкин, автомобилите тукушто станувале популарни. Покрај тоа што биле нова технологија, Толкин се одлучил да се обиде со нив. Но, тој не бил добар возач. Впрочем, постојат приказни за неговото хаотично возење. Подоцна се откажал од автомобилите бидејќи бил загрижен за нивното штетно влијание на околината.