Љубовта е посилна од омразата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Во делови од Франција се организираа собири на кои илјадници граѓани ја искажаа својата згрозеност поради крвавиот терористички напад на редакцијата на сатиричкото списание „Чарли Хебдо“ во Париз, во кое биле убиени 12 лица.
Францускиот народ со протестот го означува овој напад како варварски напад на слободните медиуми и демократијата.
„Љубовта е посилна од омразата“, „Варварството убива во Париз како и во Кобане“, „Јас сум Чарли“, „Слобода на медиумите: наша слобода“, се само некои од речениците кои може да се прочитаат на транспарентите во рацете на присутните.
Протести се одржаа во Париз, Марсеј, Нантес и други градови ширум Франција.