Обезвреднета слободата и правата на животните за време на Вевчанскиот карневал
Подготвил:
Сунаи Сабриоски
Згрозени од фотографиите и информациите добиени за време на Вевчанскиот
карневал, кои без дилема покажуваат дека за време на истиот се овозможил
садизам и насилство врз животните, здрженијата за заштита на правата на
животните најострого го осудуваат овој чин.
„ Шокирани сме што наместо уметност, досетливост, хумор и сатира, Вевчани
овозможи и истолерира насилство, страв, крв и безумие! Уметноста која секоја
година ја прикажува најстариот карневал во нашата држава со кој без исклучок
сите се гордеевме е засенета, засенета е бидејќи газеше по животи, бидејќи ја
обезвредни слободата на животните и нивните права загарантирани и со закон –
се вели во реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анималиа“, Охрид
Кокошки наденати на вили, обезглавена живина, труп на убиено куче заврзано за
екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже
пагански ритуал, живо куче со заврзани очи влечено да оди пред толпата народ,
иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од
страв, натоварени магариња и коњи приморувани да одат во толпата - тепани
доколку не сакаат да продолжат како и обезглавени зајаци се само дел од
животните кои што биле користени за време на карневалот.
„ Ова не е здрав хумор и ова не го прават здрави луѓе туку девијантни лица –со
тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со
уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат
инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат
“ – велат од Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“
Анима Мунди заедно со здруженијата Анималиа од Охрид, Гласот за животните
од Велес, Animal world од Струга, Втора шанса од Кочани, Мали херои од Битола,
Фауна од Куманово јавно се обраќаат до организаторите на Вевчанскиот
карневал, Министерството за култура, министерката Елизабета Канческа-
Милевска, општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски и бараат јавно
да го осудат насилството врз животните кое непречено се случуваше за време на
карневалот во Вевчани.
Во понатамошната реакција на здруженијата за заштита на правата на животните
се бара итно да се постапи согласно Законот за заштита и благосостојба на
животните во кој се вели дека е забрането предизвикување на болка, патење или
повреди , сурово или нехумано однесување.
Пишува: Сунаи Сабриоски