Во Холандија, наставниците се оние кои одлучуваат што (ќе) се случува во нивните училници - не бирократите.
Ова лето, кога холандската влада дебатираше дека сите училишта треба да обезбедат три часови неделно физичко образование за студентите, Џаспер Бант, директорот на училиштето спореди Монтесори моделот, „Оог ин Ал“, бил против тоа. Тој веќе ги дал двата потребни часови во салата за неговото училиште во Утрехт, град на околу 50 километри од Амстердам. Уште 60 минути би значело откажување од уште еден предмет.
Бант верува дека тој заедно со неговите наставници треба да одлучат што да прават со времето - а не владата. Ова е сеприсутно верување во Холандија, кадешто со зголемувањето на училишното време исто така доаѓа и зголемувањето на автономијата на директорот и наставникот.
Холандија нуди примери како дополнителното време изгледа во успешен образовен систем.
Со целосна контрола на нивниот буџет и без закони за големина на еден клас или воннаставни програми, директорите можат да се одлучат за два одделенија од по 15 ученици од второ одделение или едно одделение од 30 ученици. Тие одлучуваат како ќе ги оценуваат нивните наставници. Тие дури и одлучуваат кога започнува училишниот ден и кога завршува за секое одделение. Наставниците во Холандија велат дека иако имаат одредени теми кои треба да ги покријат, тие се слободни да предаваат онака како што сакаат тие. Идејата за претходно напишана програма со претходно подготвени лекции за нив е сосема непозната. Бант за неговата улога како директор вели дека од самите наставници бара да направат наставни планови за да се осигура дека размислуваат однапред, меѓутоа никогаш не ги проверува. „Не знам што прават во моментов“, вели тој. „Не морам да знам“, додава тој.
Извештајот од 2008 година спроведен од Организацијата за економска соработка и развој, открива дека 94% од одлуките на средните училишта во Холандија се направени од страна на индивидуалните училишни администратори и наставници, додека 6% се направени на федерално ниво. Во анализа од 2011 година, холандските училишта објавија втор највисок износ на автономија во светот во избирање на тестови и наставни материјали. Истиот извештај открива дека во голема мера, колку поголема контрола имаат училиштата, толку подобро резултати има земјата на меѓународн проценки. Всушност, Холандија е меѓу првите четири земји во читање, математика и наука, во согласност со Програмата за меѓународно оценување на учениците.
За разлика од нашата земја, автономијата на наставникот во Холандија има многу важен дел во реформите на образованието. Сепак, голем дел од холандските наставници се`уште се чувствуваат како да немаат доволно овластување за донесување на важни одлуки за нивните училишта, како на пример избирање на што учениците ќе учат.
Холандските ученици полагаат само три стандардизирани тестови во основно училиште: еден на почетокот, еден во текот на училишната година и еден на крајот. Некои директори избираат учениците да полагаат повеќе, меѓутоа изборот зависи од нив.
Исто така, холандската влада има развиено стандарди кои диктираат што ученикот треба да има научено до крајот на основно и средно образование. До крајот на осмо одделение, уечниците треба да бидат имаат научено 58 точки од сите предмети, како на пример способност да решаваат задачи од геометрија и разбирање на клучните концепти за времето и климата.
Во средно образование, од холандските ученици се бара да научат некои работи од секој предмет, меѓутоа низата и деталите се оставени на самите училишта. Како Бант, Хитље Рокмејкер, директорка на средното училиште „Леон ван Гелдер“ во Гронинген, вели дека таа настапува само тогаш кога учениците не успеваат да ги положат тестовите. Инаку, наставниците се слободни да прават што сакаат.
„Ние имаме програма... меѓутоа секој наставник програмата ја спроведува на свој начин“, вели Софи Трас, наставник по француски јазик.
Холандскиот устав гарантира слобода на образованието, што значи дека секој може да отвори училиште и да одреди како ќе се учи и предава таму. Повеќе од 60% од 8.000 училишта во Холандија се приватни со верска припадност. Меѓу другото, голем дел од училиштата се базирани на одредена образовна филозофија, како училиштето Монтесори, во која групните лекции не се применуваат, со цел учениците да работат независно.
Надворешните фактори, како на пример малиот број на издавачки куќи кои издаваат учебници индиректно ограничуваат колку различни училишта можат да бидат во пракса. Сепак, едукаторите енергично го бранат своето право да ги имаат тие разлики, а некои експерти велат дека постои голема доза на иновации во начинот на кој се структурирани училиштата или пак во видот на наставни стратегии кои ги користат.
Во замена за нивната слобода, од холандските училишта се очекува да покажат резултати. Владата испраќа инспекции во училиштата еднаш на четири години посетувајќи ги училиштата, организирајќи средба со учениците и родителите и испитувајќи ги резултатите од тестовите и финансиите. Оние училишта кои имаат слаби резултати (кои се во доста мал број) се набљудуваат повнимателно, а останатиот дел се слободни да продолжат понатаму.
Од 90-те, сите училишта се набљудувани од страна на одбор кој го следи напредокот и обезбедува поддршка. Додека половина од училишните одбори во земјата се одговорни за само едно училиште, поголемите одбори можат да контролираат десетици.
Некои наставници се загрижени затоа што училишните одбори, кои се составени од членови од заедницата, а не наставници и едукатори, може да ја загрозат слободата на наставникот. Така на пример, некои одбори избираат кои учебници наставниците треба да ги користат и доделуваат дополнителни стандардизирани тестови.
„Автономијата која требаше да дојде со децентрализацијата е заглавена поради одборите и никогаш не стигнува до наставниците и училиштата“, вели Волтер Дрешер, претседател на „Algemene Onderwijsbond“, eден од двата синдикати на наставници во земјата.
Меѓутоа, други холандски наставници велат дека опасноста не е реална. „Доколку наставникот ја извршува работата како што треба, тогаш одборот ќе го остави на мира“, вели Рокмејкер.
Средното училиште „Леон ван Гелдер“ е едно од 3.000 училишта кои учествуваат во владината програма наречена „School aan Zet“ која во превод значи „Училиштето е главно“. Програмата вредна 40 милиони евра има за цел да им помогне на училиштата да откријат како да се подобрат и да ја зголемат нивната автономија.
Рокмејкер вели дека учеството во ваквите владини иницијативи, не претставуваат закана за независноста на училиштето. „Не е програма според која секое училиште го прави истото“, вели таа. „Јас сметам дека програмата е одлична за моето училиште“.