Програмски јазици кои треба да ги знаете во 2015 година

Програмски јазици кои треба да ги знаете во 2015 година

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Ако сте програмер, тогаш ова се одлични времиња за вас. Работата во оваа област ќе пораснр за околу 8% во наредните седум години. Ова се програмските јазици кои ќе треба да ги познавате за да добиете одлична работа.

 

јазик


1. Java

Јава е еден од најпопуларните јазици за градење на модерни бизнис веб апликации. Со Јava, веб девелоперите можат да изградат скалабилни веб апликации за различни корисници. Исто така, Java e главниот јазик за развивање на Android апликации за паметни телефони и таблети.

 

1


2. JavaScript

Секоја модерна веб страна користи JavaScrip. Ова е јазикот кој треба да го користите доколку сакате да создадете интерактивност на вашата страна или да градите кориснички интерфејси.

3. C#

C# е главниот јазик за равивање на Microsoft платформи и услуги. Без разлика дали градите модерна веб апликација користејќи Azure и .NET, апликации за Windows уредите и слично, C# е најбрзиот начин да подигнете се` што може Microsoft да понуди.

4. PHP

Создавате веб апликација која треба да работи со податоци? PHP заедно со базите на податоци како MySQL, се алатки од суштинско значење за градење на модерни веб апликации.

5. C ++

Кога се поврзувате директно со хардверот за да добиете најголема моќ на процесирање, C ++ е совршен избор за развивање на моќен десктоп софтвер, забрзување на игри преку хардвер и апликации за меморија за компјутери, конзоли и мобилни уреди.

6. Python

Python може да направи скоро се`. Веб апликации, кориснички интерфејси, анализа на податоци, статистики - кој и да е вашиот проблем, Python ќе го реши.

 

7


7. C2

Зошто C јазикот е се`уште популарен? Поради големината. С е мал, брз и моќен. Ако градите софтвер за вградени системи, тогаш С е најдобриот јазик.

8. SQL


Податоците се огромни, се наоѓаат насекаде и се комплексни. SQL ви дава можност да ја пронајдете точната информација на брз, повторлив и сигурен начин.

9. Ruby

Сакате да започнете и да завршите проект во рекордно време, или прототип за вашата следна голема веб апликација? Ruby ви го овозможува тоа за брзо време.

10. Objective-C

 

10


Доколку сте заинтересирани за правење на апликации за iOS, тогаш потребен ви е овој програмски јазик. Всушност, Objective-C е основниот јазик доколку сакате да создавате апликации за Apple.

11. Perl

Дали Perl e езотеричен? Да. Дали е збунувачки? Да. Дали е супер моќен јазик, клучна компонента за било која сајбер сигурност? Да!. Perl се смета за клучната алатка на секој IT професионалец.

12. .NET

Иако не е баш јазик, .NET е клучна платформа на Microsoft. Поради тоa, .NET сега доаѓа и во Google и Apple платформите. .NET може да се користи со различни програмски јазици за изградба на апликации кои лесно поддржуваат повеќе платформи.

13. Visual Basic

Visual Basic е јазикот за бизнис. Ова е клучен јазик за .NET платофрмата, кој ви овозможува да градите апликации за поддршка на вашиот бизнис и автоматизирани моќни Office апликации како Excel кои можат да постигнат надчовечки подвизи на пресметувања.

14. R

R ја зголемува револуцијата на големите податоци и е јазик кој мора да го знаете во 2015 година за секој кому му е потребна сериозна анализа на податоци.

15. Swift

Иако не е ниту една година стара, овој програмски јазик ги привлече програмерите ширум светот како нов, брз и лесен начин за развивање на Mac и iOS оперативни системи.