Совети како да пребарувате кога учите англиски јазик

Совети како да пребарувате кога учите англиски јазик

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Ви нудиме одлични совети за пребарување на Google за сите вие кои сакате да го збогатите вашето знаење за англискиот како странски јазик и речникот. Овие совети се поврзани со вградениот речник на Google.

Постојат три начини на кои учениците можат да го искористат овој речник од самиот „search bar“: првиот начин е пребарување на дефиниции, вториот е за синоними (зборови со слично значење), а третиот е за антоними (зборови со различно значење).

1. Пребарување на дефиниции на збор

 

1


Google нуди брз и лесен начин за пребарување на дефиниции на било кој збор преку едноставно внесување „define“ проследено со зборот кој сакате да биде дефиниран. Доколку користите Chrome, ова можете да го пребарувате преку address bar. Доколку користите Mozilla, тогаш треба да пребарате во search box. На пример, за да ја погледнете дефиницијата на зборот „antonym“, напишете „define antonym“ како на сликата подолу.

2. Пребарување на синоними

 

2


Студентите исто така може да го користат Google за да бараат еквиваленти на зборовите. На пример, доколку пишувате есеј и сакате да избегнете користење на исти зборови, можете да пребарувате нивни синоними.

За да пребарате синоними, напишете „synonym“ и зборот кој го пребарувате.

3. Пребарување на антоними

 

3


Слично на тоа, студентите можат да го искористат вградениот речник на Google за да пребаруваат зборови со спротивни значења. За да го направите ова, напишете „antonym“ и зборот за којшто сакате да пребарате антоними.