"Црните овци" во образовниот систем



Да живеевме на запад, не само што наставнциите ќе беа меѓу најплатените личности во државата, туку некој ќе ги слушнеше нивните барања. Но, бидејќи ова не е запад, туку „Чудесната Македонија“, и после две недели штрајк никој не сака да ги слушне нивните барања. Од право на штрајк кое е втемелено во уставот, наставниците мораа да бираат политичка партија. Земјава ни е „турлитава“, а дел од наставниците станаа црни овци во општествово. Нивната политичка поделеност ги доведува до колапс. Претходно 10 години работеле заедно, а сега политиката ги скара наставниците меѓусебе и го уништи нивниот колегијализам.

Да го тргнеме на страна тоа што од штрајкот на просветните работници, најмногу губиме ние матурантите, ние им даваме целосна подршка да истрајат во борбата за своите барања, но зарем ресорното министерство нема да вработи адекватен преведувач па на министерот да му биде објаснето што всушност бараат лицата кои ја подготвуваат иднината на државата. Сите не чека напорен период кој ни носи две можности, а тоа е продолжување на учебната година или викенди без саботи. Тогаш ние ќе го кажеме својот став, а наставниците ќе треба да не подржат нас како ние што ги подржуваме нив сега.

А, за крај најголем поздрав за оние црни овци, партиски послушници: „Вие сте наставници, а тоа значи дека сте интелектуални личности (се надевам), затоа покажете го својот интелект и застанете на страната на вашите колеги и барем за момент заборавете дека сте партиски обоен кадар. Откажете им послушност на оние кои преку вашиот грб се трудат да ја уништат и последната ронка демократија во оваа луда партиска монархија.“

Никола Ивановски,
IV4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.