Луди факти за животот во Русија

Луди факти за животот во Русија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Руската култура е многу поразлична од онаа западната под чие влијание сме во последно време. Патувањето во оваа земја е ограничено, времето е поинакво, Русите кои живеат во големите градови се сосема различни од оние кои живеат во мали гратчиња и села.


Русија е како еден друг свет за нас. Свет во кој:

Бил измислен тетрисот!

„Тетрис“ бил измислен од Алексеј Пајитнов во поранешниот Советски сојуз. Песната во играта е народна песна од 19-от век.

Богатите се возат со Брзата помош

Имено, најбогатите луѓе во Москва понекогаш се возат во амбулантни возила за да се движат побрзо во метежот.

Теписи на ѕид

Русите ги ставаат теписите на ѕидовите. Тоа било начин за звучно изолирање во минатото и останал во традицијата.

Палачинки со кавијар

Русите ги јадат палачинките со павлака и кавијар.

Пиво, алкохол?

Пивото не било сметано за алкохолен пијалок во земјата до 2011 година.

„MacShrimp“

Само во Русија може да најдете ресторан за брза храна „McShrimp“.

Си се поправила!

Русите го користат истиот збор за оздравување и здебелување.

Гас за извоз

Резервите на природен гас на Русија е еднаков на 19,2 милијарди олимписки базени за пливање.

Русија е поголема од Плутон

Површината на Русија изнесува 17,1 милиони квадратни километри. Површината на Плутон изнесува 16,7 милиони квадратни километри.