Помош за настраданите граѓани во поплавените подрачја
Црвениот крст на РМ согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја соопшти дека во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количини на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.
Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција).
Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул.Момин Поток бб, телефон за контакт: 3114 - 355.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
- Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Хуманитарната акција започнува од денеска и трае до 15.02.2015 година.
Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението.
Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош.