Како би требало да изгледа Скопје според замислата на Танге

Како би требало да изгледа Скопје според замислата на Танге

Подготвил: Драгана Петрушевска

По страшниот земјотрес во 1963 година, Скопје било одново изградено претежно според големиот план на Кензо Танге, кој бил поддржан од Обединетите нации, а делумно спроведен од наши архитекти. Планот бил само делумно реализиран. Според замислата на Танге, Скопје би требало да изгледа вака:


Изградбата на новото Скопје била речиси завршена до 1980 година. Бил создаден нов град кој не покажувал знаци од земјотрес. Големиот план на Танге бил контроверзен на времето. Архитектите работеле со државата наместо со луѓето во однос на плановите, а учеството на јавноста во истите било ограничено. Граѓаните смееле само да го видат моделот на новиот град кој веќе е испланиран.





Денес, од друга страна, се прават обиди за отстранување на сите траги од овој план и ново дизајнирање на главниот град. Дебатата за ефективноста на овие планови продолжува и денес.