Сите успешни луѓе ги имаат овие навики

Сите успешни луѓе ги имаат овие навики

Подготвил: Драгана Петрушевска

Успешните луѓе постојано се трудат да напредуваат. Тоа е она во што се разликуваат од обичните јас и вие. Поради ова, успехот е уметност, не наука. Ви претставуваме слика од карактеристиките на сите успешни луѓе.


Тие се делегати

Да се биде лидер значи да се има обврска за подобрување на сегашноста за да се обезбеди добра иднина. На пример, Пол Орфалеа, основачот на „Кинкос“ постојано им се обраќа на своите вработени со мислата дека „зафатеноста не е добар збор. Тоа не е добар изговор. Завршете ја работата, бидете делегати!“

Тие комуницираат во добри и лоши времиња

Далај Лама добро кажал: „Недостатокот на транспарентност предизвикува недоверба и чувство на несигурност.“ Едноставно кажано, бидете јасни и искрени и разговарајте за секој проблем.

Тие го знаат значењето на пофалбата 

Како што Маја Ангелоу кажала: „Луѓето ќе заборават што сте кажале, што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат“. Успешните луѓе знаат како да ги мотивираат останатите бидејќи знаат да го препознаат успехот и да го пофалат сечиј труд.

И тие се луѓе

Некои од најголемите лидери не се онакви какви што ги замислуваме. Тие се динамични и човечни. Луѓето ги одбираат како примери бидејќи се оригинални, енергетични и харизматични - сè што не можете да бидете вие доколку се обидувате да бидете некој друг. Стив Џобс убаво рекол: „Времето ви е ограничено, не го трошете живеејќи нечиј живот“.

Тие ги разбираат останатите

Ричард Бренсон повеќепати изјавил дека разбирањето на луѓето е едно од најважните работи за успех во животот. „Јас сакам да поминувам време со луѓето и сакам да учам од нив“, рекол тој.

Тие живеат активни животи, но секогаш наоѓаат време за одмор

Успешните луѓе ги тренираат своите мозоци, но и тела за да го издржат секој ден. Но, тие имаат и време само за себе за да ја вратат сета загубена енергија и страст за време на работата.