Трикови за брза навигација на најкористените интернет-страници

Трикови за брза навигација на најкористените интернет-страници

Подготвил: Драгана Петрушевска

„YouTube“, „Facebook“, „Twitter“, „Gmail“ - ова се интернет-страници кои ги користите секојдневно. Не заостанувајте, научете ги основните трикови за брзо навигирање на страниците.



„YouTube“


Двоен клик - двоен клик на секое видео за добивање слика на цел екран.

Space - пуштање или паузирање видео.

Броеви - 1-9 за да скокнете на 10-90% од целото траење.

+/- копчиња - направете го кадарот поголем или помал.

m - звук/без звук.


„Twitter“


Притиснете Shift+? за да ги видите триковите за брзо навигирање на „Twitter“, но ова се главните.

g, а потоа h - одете на почетната страница.

f - „фаворитнете“ твит.

. - ја освежува страницата кога се појавуваат нови објави.

Space - одете долу една страница; Shift+Space оди горе една страница.

n - состави нова објава; Ctrl+Enter ја објавува.


„Facebook“


Alt+m - почнете нова порака.

Alt+1 - одете на вашата профилна страница.

p - започнете да пишувате нова објава.

l - ставете „лајк“ на објавата која моментално е отворена или означена.

Десно-лево - разгледувајте фотографии.


„Gmail“


Ctrl+\ - отстранете го форматирањето од означениот текст.

Shift+n - освежи го разговорот кога има нови пораки.

l - означи го отворениот разговор.

. - отвори го менито „More“.

Shift+Esc - врати фокус на главниот прозорец.


„Outlook.com“


Ctrl+Shift+Y - внеси емотикон во пораката.

/ - пребарувај ги пораките.

s, па а- означи ги сите пораки во папката.

Shift+I - покажи блокирана содржина во порака.

с - стави порака во категорија.