Кои се тешки, а кои лесни јазици за учење?

Кои се тешки, а кои лесни јазици за учење?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Американскиот Стејт Департмент достави ранг листа на светски јазици врз основа на времето потребно за нивно совладување.

 

1


Добиената листа е составена врз основа на критериуми за сложеност на јазикот, достапни средства и мотивација на ученикот. Треба да се земе во предвид дека листата е направена земјаќи ги во предвид изворните говорници на англиското говорно подрачје.

 

1


Наједноставни јазици за оние луѓе од англиското говорно подрачје се шпанскиот, францускиот, португалскиот и италијанскиот јазик. За да се постигне доволно знаење за овие јазици потребни се 23 од 24 недели активно учење или од 575 до 600 наставни часови. Овие јазици за луѓето од англиско говорно подрачје се лесни поради блискоста со англискиот. На листата на „лесни“ јазици исто така се наоѓаат холандскиот, шведскиот, јужноафриканскиот и норвешкиот.

 

2


Во групата на средно тешки јазици за англиското говорно подрачје спаѓаат хинду, рускиот, виетнамскиот, турскиот, полскиот, тајландскиот, грчкиот, хебрејскиот и финскиот.

 


За Англичаните најтешки се јазиците од Блискиот исток. Овие јазици бараат во просек околу 1 и пол година или 88 недели на активно учење. За Англичаните, Американците, Австралијаните и останатите народи чиишто мајчин јазик е англискиот, учењето на мандаринскиот јазик би им одзело 2.200 часа активно учење. Секој од овие наведени тешки јазици го носи овој епитет поради посебни причини. Јапонскиот, кинескиот и корејскиот бараат меморирање на преку илјада единствени букви. Овие јазици се тонални и при менување на тонот доаѓа до промена на значењето, додека арапскиот е тежок за читање.

 

3