Кој би го добил Оскарот за најпреземан филм доколку постоеше?

Кој би го добил Оскарот за најпреземан филм доколку постоеше?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Оскарите се оваа недела (22.02). Кружат многу проценки и предвидувања за победниците. Постои една статистика која не бара предвидување. Доколку се доделуваше Оскар за преземање филмови, овие би биле победниците. Секако, зборуваме за пиратско преземање.


Компанијата „Ирдето“ го спровела истражувањето годинава. Таа го следела нелегалното преземање филмови кои се номинирани за годинешните Оскари. Во анализата биле вклучени повеќе од 200 земји.

Во САД најпреземан филм е „American sniper“ кој бил симнат дури 1.389.819 пати од јануари годинава. Доколку се доделуваа Оскари за најдобар режисер според нелегалните преземања, добитникот би бил Алехандро Гонзалез Ињариту за „Birdman“, кој има 796.697 преземања и е прв во Мексико и Шпанија.

Најдобра глумица е Росамунд Пајк за „Gone girl“, а најдобар глумец Бредли Купер за „American sniper“.

Најмногу нелегално преземање филмови е забележано во Русија, САД, Италија, па Велика Британија.