СП:

СП: "Нема сила што ќе го сопре гласот на СТУДЕНТИТЕ!"



УСПЕАВМЕ! #ПоздравПленумци

Студентскиот пленум на својата официјална страна објавија дека битката е добиена, но не и војната. Студентскиот пленум не застанува тука!
Ви ја пренесуваме инфорацијата во целост.

За сите оние кои не веруваа дека нешто може да се смени.
За сите оние кои не правеа будали и си одеа на кафе.
За сите оние кои не нарекуваа со секакви погрдни имиња, не заокружуваа и ни го потценуваа интелектот нарекувајќи не “бунтовници без причина” и БЕЗДОМНИЦИ.
За сите оние кои не не пренесуваа овие неколку месеци или кога не пренесуваа зажаливме што и воопшто не пренесуваа: АВТОНОМИЈАТА Е ОДБРАНЕТА!

Владата ПОТКЛЕКНА на нашите РАЗУМНИ барања и конечно ДОБИВМЕ ПРОСТОР ЗА ПИШУВАЊЕ НА НОВ ИНТЕГРАЛЕН ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!

НЕМА СИЛА ШТО ЌЕ ГО СОПРЕ ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ!!!



Благодарност до сета јавна поддршка која ни беше пружена во овие неколку месеци.

Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти…

Затоа ги известуваме сите дека:

Студентскиот пленум не застанува тука!

 Извор: Студентски пленум