Како е возможно Стивен Хокинг се`уште да е жив?
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
На 20 април 2009 година, пристигна моментот којшто докторите со децении го претскажуваа. Стивен Хокинг, научникот кој ја преживеа смртоносната болест, беше на чекор до смртта.
Универзитетот во Кембриџ достави мрачни прогнози. Хокинг, уште на 21 годишна возраст дијагностициран со амиотрофична латерална склероза (АЛС), беше многу болен, и беше подложен на тестови во болница. Се чинеше како да помина времето за човекот кој имаше толку елоквентно објаснување за него.
Но, како по обичај, Хокинг преживеа.
Тој не би требало да ги прави оние работи што ги прави денес. Овој 73 годишен човек не би требало да може да размислува ниту пак да дава мислење за вештачката интелигенција. Тој не би требало да седи во количката којашто го носи со децении. Не би требало, но ги прави.
Тешко е да се прогнозира колку човек може да живее со АЛС, состојбата со која Хокинг живее. Ова нарушување може да му се случи секому. Тоа најпрво предизвикува мускулна слабост, потоа исцрпување на целото тело, а потоа парализа, одземајќи му ја на човек способноста да зборува, да голта, па дури и да диши. АЛС асоцијацијата вели еден просечен животен век на човек дијагностициран со оваа болест е помеѓу 2 до 5 години. Повеќе од 50% успеваат да преживеат 3 години. 20% успеваат да преживеат 5 години. После тоа, бројот опаѓа. Помалку од 5% успеваат да преживеат 20 години.
И секако, тука е Хокинг кој успеа со болеста да живее 52 години. Неговиот капацитет за преживување е толку голем што некои експерти велат дека е невозможно да страда од АЛС со оглед на леснотијата со која болеста ги одзема жртвите. Други велат дека едноставно не постои личност како Хокинг.
„Тој е извонреден“, вели Најџел Ли, професор по клиничка неврологија на Кралскиот колеџ во Лондон. „Јас не знам никој друг којшто преживеал со АЛС подолго од Стивен. Не само што е невообичаен долгиот период, туку се чини и дека болеста на некој начин „изгоре“. Се чини како Стивен да е релативно стабилен. Овој вид на стабилизација е исклучително ретка“.
Овој опис не е невообичаен. Во 2012 година, кога Хокинг направи 70 години, истражувачите повеќе беа збунети отколку изненадени. Анмар ал-Калби од Кралскиот колеџ вели дека Хокинг е извонреден и дека не познава друга личност што преживеала толку долго.
Што го прави Хокинг различен од другите? Едноставно среќа? Или пак трансцедентната природа на неговиот интелект некако ја спречи неговата „неизбежна судбина“? Никој не е сосема сигурен. Дури и самиот Хокинг, не го знае одговорот. „Можеби АЛС е последица на лошото консумирање на витамини“, вели тој.
Битката на Хокинг со АЛС беше поинаква уште од самиот почеток. Токму овие разлики, велат научниците, делумно ја објаснуваат неговата чудотворна долговечност. Почетокот на АЛС обично се случува подоцна во текот на животот - просечната возраст на дијагностицирање е 55 години, но симптомите кај Хокинг се појавиле кога тој бил многу млад.
„Додека бев трета година на Оксфорд, забележав дека сум многу понесмасен, а ми се случуваше и да паднам неколку пати без причина“, вели Хокинг. „Меѓутоа кога се запишав на Кембриџ, татко ми започна да забележува и ме однесе на доктор. Докторот ме упати на специјалист. Кратко време после мојот 21-ви роденден отидов на болница за да ми направат тестирања. Беше огромен шок кога открив дека ја имам болеста“, додава тој.
Иако раната дијагноза му остави болест за цел живот, таа сепак, му даде шанса за преживување многу подолго од оние луѓе кои се дијагностицирани подоцна. „Откривме дека преживувањето кај помладите пациенти има поголем шанси и животот на човекот трае подолго, во повеќе од 10 случаи“, вели Ли. „Болеста е различна кога е дијагностицирана кај млад човек, а никој не знае зошто“, додава тој.
Лео МекКласки од Универзитетот во Пенсилванија вели дека болеста убива на два различни начини. Првиот влијае врз мускулите за дишење. „Најчестиот начин на којшто луѓето умираат од оваа болест е респираторната слабост“, вели тој. Другит начин се заслабените мускули за голтање кои можат да доведат до дехидратација и малнутриција. „Ако човек ги нема овие две работи, тогаш тој потенцијално може да живее долго време“, вели тој.
Хокинг вели дека токму неговата работа, фокусирајќи ја преку инвалидитетот, му го овозможила она кое за другите било недостапно. „Очигледно ми помогна тоа што имам работа и што луѓето околу мене се грижат добро за мене“, вели Хокинг. „Имам среќа што работам во теоретската физика, една од ретките области во кои инвалидитетот не е сериозен хендикеп“.