Само интелектуалците ги разбираат овие шеги

Само интелектуалците ги разбираат овие шеги

Подготвил: Драгана Петрушевска

Бубалиците овде имаат предност!


Што се добива кога спојувате шега со реторичко прашање? Тројца логичари влегуваат во бар. Келнерот ги прашува: „Сите сакате пијалок?“ Првиот одговара: „Не знам.“ Вториот одговара: „Не знам“. Третиот вели: „Да!“

Ајнштајн, Њутн и Паскал играат жмурка. Ајнштајн жмури, па ги покрива очите и почнува да брои до десет. Паскал бега и се крие. Њутн црта квадрат од еден метар на еден метар на земјата пред Ајнштајн и застанува во средината. Ајнштајн ги отвора очите и му вели на Њутн: „Те најдов!“ Њутн се смешка и вели: „Не ме најде мене, најде Њутн на квадратен метар. Го најде Паскал!“

Математичар и инженер се согласиле да бидат дел од експеримент. Тие биле сместени во просторија, а на другата страна од нив се наоѓала прекрасна гола жена на кревет. На секои 30 секунди, тие имаат право да поминат половина од дистанцата помеѓу нив и жената. Математичарот сметал дека тоа е бескорисно и се откажал. Инженерот се согласил на предизвикот. Математичарот потоа го прашал: „Зарем не гледаш дека никогаш нема да стигнеш до неа?“ Другиот одговорил: „Па што? Наскоро ќе бидам доволно близу за сите практични намени!“

Римјанин влегува во бар и порачува мартинус. „Мислите мартини?“ прашува келнерот. Римјанинот одговара: „Ако сакав дупло ќе побарав!“

Друг Римјанин влегува во бар, крева два прсти и вели: „Пет пива!“

Ентропијата не е она што некогаш беше.

Хелиумот влегува во бар и порачува пиво. Келнерот вели: „Не служиме на благородни гасови“. Тој не реагира.

Шредингерова мачка влегува во бар. И не влегува.

Жената му вели на програмерот: „Оди во продавница и купи еден леб. Ако имаат јајца, купи 12.“ Програмерот се враќа дома со 12 лебови.