Најевтиниот начин за патување низ Европа
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Патувањето со воз е лесно и евтино во Европа, посебно доколку сте студент. Филип Баун, блогер, патувал ширум стариот континент еден месец. Во овој период наишол на проблеми, но тој бил најдобриот месец во неговиот живот, пишува тој на својот блог.
Иако патувал на буџет, пропуштил некои трикови со кои можел да заштеди уште повеќе. Сега
пишува за она што би го направил различно доколку тргне да истото патување.
За почеток, тој порачува трошење на поголемиот дел од патувањето на исток и одбегнување на туристичките замки и скапите делови од западна Европа. Според него, тој пропуштил голем дел од Хрватска и доколку би одел повторно би го посетил Дубровник, а би поминал ноќ и во Загреб.
Во врска со патувањето од Лондон до Брисел или Париз, тој препорачува користење автобус наместо авион бидејќи е поевтино и полесно.
Зборувајќи за храната, Баун наведува дека оброците се најголем проблем за паричникот. Најефикасен начин на преживување е инвестирање во леб, месо и јаткасти плодови од супермаркетите. Понекогаш, кафулињата и рестораните имаат поволни можности, но тоа се случува ретко.
Иако на буџет, патувањето треба да создаде незаборавни искуства. Баун одбира активности кои се евтини, но вреди да се видат. Меѓу нив е кајакарењето во Хрватска, посета на Циришкото Езеро и веслање во Блед.
За повеќе од одисејата на Филип ширум Европа посетете го
неговиот блог.