Кои се 10-те најплатени професии во Македонија?

Кои се 10-те најплатени професии во Македонија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна плата е зголемена во земјава. Имено, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2015 година во однос на јануари 2014 година изнесува 102,3.



„Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.4%), Уметност, забава и рекреација (6.7%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.1%).“

Просечната месечна нето-плата во јануари 2015 година изнесува 21.828 денари.

Највисоките просечни нето-плати во Македонија се:

1. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 42.461 денари.

2. Воздухопловен транспорт - 41.359 денари.

3. Телекомуникации - 41.035 денари.

4. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 40.853 денари.

5. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 40.507 денари.

6. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 38.964 денари.

7. Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот - 38.323 денари.

8. Складирање и помошни дејности во превозот - 37.621 денари.

9. Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето - 36.518 денари.

10. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување - 36.000 денари.


Кои се 10-те намалку платени професии во Македонија