Рецензија на книгата "Играта на ангелот" - Карлос Луис Зафон
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Давид Мартин, младиот херој и наратор на заводливиот роман на Карлос Луис Зафон „Играта на ангелот“, е еден од оние писатели кој живее во тешко време во кое сонува приказни за мистериите на Барселона, неговиот роден град.
Подоцна, под псевдонимот Игнатиј Б.Семсон, во неговата месечна серија на книгата „Градот на проколнатите“, тој ја разоткрива мистеријата на градот.
Мистеријата лежи во таинствениот уредник од Париз, кој од Мартин бара да
напише книга каква што досега не била напишана, во замена за богатство, а можеби и нешто повеќе. На тој начин Давид се заплеткува во мрачна приказна, започната пред многу години - зделка за која Давид започнува да се сомнева дека е направена со ѓаволот.
Но, тој не е првиот писател кој имал мрачни мисли. Во воведниот дел од оваа долга приказна, тој тврди дека секој писател започнува на една лизгава патека од моментот кога добива исплата или пак збор за пофалба на своето дело. „Од тогаш, тој е осуден и душата има своја цена“. Свечената хипербола на изјавата ве тера да се насмеете, меѓутоа чувството не е целосно непознато за оние од нас кои заработуваат за живот составувајќи зборови. Поголемиот дел од писателите, не ги искажуваат толку мелодраматично чувствата, меѓутоа тоа е стилот на Давид, поточно на Зафон.
„Играта на ангелот“, како и неговиот претходен роман „Сенка на ветрот“, Зафон ја врти идејата фантастично. Идејата е дека еден лош ден, писателот може да подлегне на чувството дека е безвреден во неговата професија, и да поверува дека раскажувањето на приказната не само што е залудно, туку и ѓаволско дело.
Меѓутоа, ова дело на Зафон е епска приказна за пакт со ѓаволот чија единствена цел е да им даде на своите читатели мали навестувата за потемните задоволства на книжевната уметност и чудната возбуда на раскажувањето на приказни без совест.
Сагата на Давид започнува во последните денови на 20-те, а завршува со морничавиот епилог во 1945 година. Поголемиот дел од дејството се одвива во 1920-те години, кога започнал успехот на серијата книги „Мистериите на Барселона“ и „Градот на проколнатите“ и време кога младиот писател дознава дека е болен од смртоносна болест за која се надева дека младиот издавач Андреас Корели ќе го спаси.
Литературниот проект во кој Дејвид е вклучен, го вклучува во сите видови на измами и злосторства, вклучувајќи и насилна смрт. Експозицијата на романот е бавна, меѓутоа втората половина, како што телата започнуваат да се таложат, романот забрзува со импресивна стапка. Чувствителноста на Давид е беспомошно готска, и го тера да се пресели во напуштената куќа со кула, за која подоцна дознава дека злобниот Корели некогаш живеел тука и немал среќен крај. На некој начин Давид се наоѓа во центарот на сите грозни случувања. Кога конечно му ја кажува приказната на еден полицаец, скептичниот полицаец забележува дека е слична на „Градот на проколнатите“.
Ликовите во овој роман се за нијанса покомплексни од оние во „Сенка на ветрот“, наративниот ритам некогаш е малку поинтимен, и од таму доаѓа сугестијата во епилогот дека ѓаволот (потпомогнат од Давид), е некако одговорен за вистинскиот хорор на Втората Светска војна.
„Играта на ангелот“ е емоционална вистина во која Зафон користи наративна техника во книгата која е висока и почесто ниска. И да влијаат други идеи врз неговата свест од време на време, тој сепак повторно се враќа на раскажувањето. Тоа е господарот кому му служи, и ѓаволот кој тој го знае.