Решение на познатиот математички проблем - Кога е роденденот на Шерил?

Решение на познатиот математички проблем - Кога е роденденот на Шерил?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Сигурни сме дека на повеќето од вас математиката не им бил омилениот училишен предмет, меѓутоа постојат и луѓе на кои математиката им претставува вистински предизвик.

 

problem


Моментално, интернетот е преокупиран со математичкиот проблем - „Кога е роденденот на Шерил?“; задача која скоро никој не може да ја реши, без разлика на тоа колку се обидува.

За да ја освежиме вашата меморија, еве го уште еднаш проблемот.

„Алберт и Бернард штотуку се запознаа со Шерил, и тие сакаат да знаат кога е нејзиниот роденден, меѓутоа не сака да го каже. Затоа, таа им дава листа на 10 возможни роденденски датуми: 15 мај, 16 мај, 19 мај, 17 јуни, 18 јуни, 14 јули, 16 јули, 14 август, 15 август и 17 август.

Алберт: Не го знам роденденот на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.

Бернард: На почеток не го знаев роденденот на Шерил, но сега го знам.

Алберт: Тогаш и јас знам кога и` е роденден на Шерил.

Кога и` е роденденoт на Шерил?“

Прашањето се појави на интернет минатата недела кога еден водител од Сингапур го постирал проблемот, со што проблемот го заобиколил интернетот. Како што го читате прашањето, проблемот изгледа невозможен за решавање. Меѓутоа кога ќе ја искористите логиката, проблемот започнува да изгледа едноставен.

Еве го решението.

„Прво треба да се открие дали Алберт го знае месецот или денот на роденденот на Шерил. Ако го знае денот, тогаш не постои шанса Бернард да го знае роденденот, такашто мора Алберт да го знае месецот.

Од првата реченица, дознаваме дека Алберт е сигурен дека Бернард не го знае одговорот, па со тоа мај и јуни треба да отпаднат (19 се појавува само во мај, а 18 се појавува само во јуни).

Од изјавата на Бернард дознаваме дека тој знае дека мај и јуни отпаѓаат. Со тоа Бернард знае за кој месец станува збор - па затоа треба да е или 16 јули или 15 август или 17 август.

Последователно на тоа Алберт може да биде сигурен за датумот, па со тоа тој знае дека е јули. Ако е август, тогаш тој не може да биде сигурен бидејќи постојат и 15 и 17 август, такашто одговорот е 16 јули.