Деканот на правниот факултет "Јустинијан први" Борче Давитковски си поднесе оставка
Деканот на правниот факултет „Јустинијан први“ Борче Давитковски си поднел оставка поради, како што вели за НОВА, долготрајни притисоци.
- Со месеци имам инспекции на факултетот. Последниот скандал ја прели чашата кога Инспекторатот побара од мене да им дадам откази на професорите Добринка Тасковска, Димитар Гелев и Томислав Гроздановски, односно нивните избори за редовни професори да ги поништи.
Имено, тие ги преиспитуваа нивните рецензии и потоа бараа од мене да потпишам откази, инсистираа да бидат поништени. Тие рецензии се поминати пред многу години и на Научно-наставнички совет и на универзитетски Сенат.
Не сакам да потпишам нешто што не ниту правно ниту морално исправно и издржано, вака Давитковски за НОВА ја образложи оставката додавајќи дека притисоците врз правниот факултет траат со години, а тие притисоци вклучувале и политички притисок за вработување на лица блиски до власта итн.
Професорот Димитар Гелев во јавноста е познат како критички настроен кон состојбите во општеството и е еден од гласните критичари на политиките во високото образование.
Како што изјави за НОВА ректорот Велимир Стојковски, тој ја добил оставката и доколку ја прифати следува назначување на вршител на должност.