Ексклузивно интервју со Ербил Караман, главен проект менаџер во

Ексклузивно интервју со Ербил Караман, главен проект менаџер во "Facebook"

Подготвил: Драгана Петрушевска

Викендов се одржуваше „Codefest“. На настанот, специјален гостин беше Ербил Караман, главен проектен менаџер во „Фејсбук“. Што значи оваа работна позиција? Тој е одговорен за сите проекти со кои може да се пофали „Фејсбук“. Ербил нема полни 30 години, но веќе зад себе има неколку компании, како и проектите за носење бесплатен интернет во светот на „Фејсбук“.

Го сретнавме Ербил на настанот и поразговаравме со него за многу нешта: социјалната мрежа, неговата работа, неговите студентски денови, па дури и за Марк Цакерберг. Каков е Марк? Ербил ни откри зошто е голем лидер. Прочитајте.



Д.П.: Кажи ми нешто повеќе за одговорностите кои ги имаш во „Фејсбук“ во Лондон.

Ербил К.: Станав дел од „Фејсбук“ пред приближно 3 години. Кога првпат дојдов, мојата прва мисија беше да го донесам „Фејсбук“ до милијарда луѓе во светот. Кога таа мисија беше исполнета, мојата втора мисија беше да донесам бесплатен интернет во сиромашните земји. Ова беше моја мисија во период од околу година и половина. Потоа, зборував со колеги од канцелариите во Лондон и тие ме замолија да им помогнам со тимовите за производи. Под тимови за производи мислам на тимови составени од дизајнери, истражувачи, инженери и менаџери. Се преселив во Лондон пред приближно 8 месеци за да ги создадам овие тимови во Лондон, кои потоа започнаа да создаваат нови производи на „Фејсбук“. Тоа е мојата сегашна одговорност.


Д.П.: Како дојде таму? Како ја доби работата?

Ербил К.: Во Сан Франциско сум околу 7 години и работев на сопствени компании, стартапи, речиси целото време. Се трудам да запознавам што повеќе луѓе кои се инспиративни. Сакам да учам од нив, да бидам со нив постојано. За време на овие 7 години сретнав многу луѓе од „Фејсбук“, или коосновачи или луѓе кои биле дел од тимовите кои ги изградиле првите верзии на „Фејсбук“. Бев воодушевен од интелигенцијата на овие луѓе и она што може да го научам од нив. Тие ми пристапуваа и ми велеа дека може да правам многу работи во „Фејсбук“. По последната компанија одлучив да го прифатам предизвикот. Сакав да видам како е да се работи во „Фејсбук“ и околу овие паметни луѓе.

За мене, учењето е битно како и создавањето. Сметав дека доколку сум таму ќе ја добијам можноста да научам што повеќе од овие луѓе, но и да создавам за многу луѓе, додека во сопствена компанија има помал број корисници за кои може да се создава. Тоа е мојот пат до „Фејсбук“. Бев на интервјуата подоцна, секако.


Д.П.: Сигурна сум дека многумина би сакале да работат во „Фејсбук“. Кои карактеристики треба да ги поседува вработениот таму?

Ербил К.: „Фејсбук“ вработува многу софтверски инженери - софтверски инженери кои имаат различни позадини. Она што го бараме е способноста за создавање нешта. Ова што се прави тука на „Codefest“ е нешто што го бараме, всушност. Многу луѓе учат работи, но не се способни да го употребат наученото во практика. Ова е нешто што е многу битно за нас - луѓе кои се способни да го претворат знаењето во пракса, во производ е првата работа која ја бараме. Бараме и луѓе кои може да соработуваат, луѓе кои не работат само сами бидејќи во компанија од 10.000 луѓе луѓето може да соработуваат и работат со други луѓе за да изградат нешто подобро.

Последната работа која ја бараме е способноста за поедноставување на комплицираните проблеми и помагање во решавањето на таков начин бидејќи многупати проблемите со кои се соочуваме се од масивни размери и може да биде невозможно да се решат доколку ги земете здраво за готово. Така што бараме луѓе кои може да размислуваат аналитички и да ги разделат проблемите во делови за полесно да ги решат. Бараме и луѓе со став. Тоа е една од најважните работи во компании како „Фејсбук“ - да се зачува културата, да се зачува позитивноста, конструктивноста, соработката за луѓето секогаш да може да ги создаваат највлијателните, најкорисните работи и производи. Ова бара одреден став, па тоа е нешто што го бараме.


Д.П.: Што ти се допаѓа во работата во „Фејсбук“?

Ербил К.: Станав дел од компанијата за луѓето со кои може да работам. Да може да се работи со нив, да се создаваат нови идеи, нови работи со нив е нешто што исполнува. Тоа е нешто што ве води. Освен тоа, „Фејсбук“ има 1,5 милијарда активни корисници и многу малку од нас имаат можност да создадат нешто и слендиот ден, производот кој сте го изградиле да може да допре до животите на 1,5 милијарда луѓе. Само мислењето за тоа колку може да го подобрите животот на луѓето е мотивирачко.

Д.П.: Можеш ли да ми кажеш нешто за твоето универзитетско искуство бидејќи поголем дел од нашите читатели се студенти. Каков беше како студент?

Ербил К.: Бев ужасен студент. Навистина бев ужасен студент. Од некоја причина секогаш се двоумев пред да направам тоа што се бараше. Секогаш кога ми кажуваа да правам нешто, не го правев. Таков сум од детството. На факултет се обидував да добијам различни искуства бидејќи компјутерските науки се нешто за што може да се научи самостојно. За мене поважно беше да среќавам луѓе кои размислуваат слично на факултет и да разменувам идеи и да слушам различни идеи бидејќи уште тогаш програмирав.

Наместо да ги слушам моите предмети, одев на предмети по психологија, економија - предмети кои ми беа интересно и кои би ми помогнале да создавам покрај компјутерските науки. Освен тоа, уживав во различните културни искуства. Бев дел од музички бенд, класична музичка група и фотографска група. Трошев половина од времето истражувајќи други делови од мојот живот. Чувствувам дека тоа, некако, ми помогна да разберам кој сум и да ги разберам вештините кои ги имам и како да ги искористам на начин со кој може да градам нови решенија на проблемите кои ги гледав околу мене.

За време на моите студии започнав да ги поминувам ноќите, вечерите, викендите, одморите во компјутерската лабораторија заедно со пријателите и да мислам на нови идеи и да работам на нив. Ова ми даде самодоверба да создавам подобри производи и понапредни производи. Потоа, кога бев во третата година од студиите добив можност да одам и да работам во Силициумската долина, па решив да ја искористам шансата и да го оставам останатото позади мене.


Д.П.: Дали би ги советувал денешните студенти да го направат истото или нешто слично?

Ербил К.: Дефинитивно би ги советувал да се изложат на што повеќе нови работи. Еден од предизвиците со кои се соочува традиционалното образование е тоа што ги нмалува опциите и не ве потсетува дека она што го учите може да биде применето на различни работи, а тоа е причината поради која многу деца прашуваат. „Зошто го учам ова? Кога ќе го користам ова?“ Причината поради која ги поставуваат овие прашања е бидејќи никој не им кажува како може да ги искористат сите тие информации. Нема примена, фокус во традиционалното образование.

Дефинитивно би им порачал да го истражуваат тој дел од образованието самите и да видат што може да направат од своето знаење, што би им помогнало да разберат што друго треба да научат за да создаваат подобри работи. Би рекол доколку посветувате половина од енергијата на традиционалното образование треба да посветите уште барем друга половина на истражување нови нешта.


Д.П.: Спомена дека си основач на стартапи. Може ли да ни кажеш повеќе за тоа?

Ербил К.: Првата компанија која ја основав беше додека бев на факултет. Го градевме турскиот Фејсбук наречен „Campus people“. Нашата цел беше да ги поврземе различните факултетски клубови заедно за организација на настани, како „Codefest“ и да најдеме спонзори или да соработуваме и разменуваме информации, разменување студенти за взаемно мотивирање. Тоа беше голем успех, впрочем. Барем со времето кое ни беше дадено. Се обидовме да ја примениме идејата на различни индустрии, па го земавме концептот на социјално вмрежување бидејќи учевме многу за него и работите кои ги поттикнуваат луѓето да комуницираат на интернет и го применивме тоа во различни индустрии.

Потоа, изградивме социјална професионална мрежа, која подоцна беше купена од фондација. Потоа основавме компанија за социјално играње, каде градевме ММОРПГ енџини за повеќе играчи каде луѓето од „Фејсбук“ би можеле да играат со луѓе од други платформи како „Мај Спејс“ или мобилни платформи. Ова се претвори во мојот пат во Силициумската долина, каде го изградивме сервисот за брзи средби „Speeddate.com“. Ова беше една од најдобрите десет апликации на платформата на „Фејсбук“ и стана еден од моите најголеми успеси меѓу стартапите кои ги основав. Не застанав таму.

Потоа изградив социјална платформа за учење за атлетичари. Така, ние нудиме решенија, со што корисниците би можеле да дојдат и да учат од своите претходни достигнувања, но и со соработка со други преку видео. Атлетичарите би ги прикачиле своите достигнувања за другите атлетичари и тренери да ги видат и да коментираат на нив. Помогнавме на барем неколку атлетичари да станат дел од национални тимови, дури и да добијат повеќе медали на Олимписките игри. Ова беше мојата последна компанија пред „Фејсбук“.


Д.П.: Да се вратиме на „Фејсбук“. Зошто мислиш дека мрежата е толку позната?

Ербил К.: Мислам дека направи некои работи кои не биле направени. Сите се знаеме и се разбираме преку едноставни динамики. Една од нив се имињата. Така зборуваме и така се потсетуваме зошто комуницираме. Лицата на луѓето се друга работа која мозокот ја процесира многу бргу. Веројатно сте го имале искуството кога поминувате покрај некој што не сте го виделе 10 години и го препознавате лицето, но не и името, а понекогаш се случува спротивното.

Мислам дека „Фејсбук“ ги спои двата концепти многу добро за да го имате лицето на личноста, кое мозокот може да го прераоти брзо и го имате вистинското име на личноста, што не се случило на интернет пред „Фејсбук“ бидејќи луѓето не мислеле дека би било возможно да ги принудите луѓето да ги користат вистинските имиња на интернет. Одеднаш, добивате нешто многу атрактивно, многу едноставно за разбирање бидејќи сè е до лицата на луѓето кои ги познавате или имињата на луѓето кои ги познавате.

Луѓето имаат и многу природна потреба за поврзување и комуницирање. „Фејсбук“ верува дека сите имаме нагон да се отвориме, да споделуваме и да се поврзуваме. Начинот на кој се поврзуваме понекогаш е преку споделувањето искуства. Јас го споделувам моето искуство со тебе, ти го споделуваш твоето со мене и тоа нè прави поблиски. Тоа е многу едноставна човекова потреба, човеково однесување и мислам дека тоа е она што донесе ајмногу внимание кон „Фејсбук“ на почетокот. Но „Фејсбук“ се обидува да го унапредува она што веќе го има во индустријата и да се фокусира на поврзување повеќе луѓе. Не е чудо што 1,5 милијарда луѓе се поврзани преку него.


Д.П.: Кажи ми нешто за Марк. Што го прави одличен лидер?

Ербил К.: Она што го прави добар лидер е неговата способност за привлекување на најдобрите луѓе околу себе. Многу компании не успеваат бидејќи не ги привлекуваат најпаметните луѓе кон својата мисија. Марк е личност која е многу фокусирана кон мисиите и е способен да ги возбуди најпаметните луѓе преку неговите мисии. Исто така, тој е многу упорен и одлучен за своите цели. Тоа му дава нему и на „Фејсбук“ можност да размислуваат долгорочно.

Многу компании кои не успеваат имаат краткорочни цели и размислувања. Марк е способен да ја донесе својата долгорочна визија во компанијата и е способен да остане доследен на таа визија и да ги донесе луѓето до неа. Овие карактеристики се она што мислам дека го прави уникатен и многу малку луѓе во светот имаат таква способност да успеат во мисиите со 10.000 луѓе кои работат за нив.

Д.П.: На кои проекти работиш сега?

Ербил К.: Имам неколку проекти. Најинтересниот, веројатно, е оној што го нарекуваме „Графикон на знаењето“. Постојано учиме за светот и за она што се случува во светот и за она што ги привлекува луѓето. Ова знаење станува нешто што го олеснува животот на луѓето. Тоа е мојот моментален проект. Се обидуваме да го искористиме ова знаење и да го претвориме во производи и алатки кои ќе ги подобрат животите на луѓето. Ова е долгорочна мисија за нас, за компанијата.


Д.П.: Што би ги советувал студентите?

Ербил К.: Многу луѓе не застануваат да размислат за својата цел, своите сништа, своите цели. Тие само одат со стадото. Луѓето им кажуваат да одат на училиште, да си заминат од училиште, да ја напишат домашната задача, да одат на тест, да одат во средно училиште, уште тестови, факултет. Сега завршивте со тоа, одете на магистерски студии. Завршивте со тоа, одете на докторски, последокторски, како и да е. Општеството поставува многу од овие структури и очекувања на младите луѓе и многупати тие не се охрабрени да застанат и да помислат за нивната цел.

Гледам дека луѓето кои се најисполнети се оние кои си дозволуваат да размислат за нивната цел. Во ред е да не се знае целта првиот пат кога ќе размислувате за тоа. Постојано одвојувајте време за да размислите за својата цел и вашите очекувања. Ова е нешто што го правам сè уште, секоја година или можеби секои шест месеци. Наоѓам слободно време за да се исклучам од сè и да бидам јас, да се слушнам себеси и да ја слушнам мојата цел бидејќи и целта може да се смени, вашите соништа може да се сменат, исто така. Доколку сте способни да го направите тоа, мислам дека би биле посреќни луѓе.



Фото: Ѕвонко Петровски

Во продолжение е интервјуто во оригинална верзија на англиски јазик.

D.P.: Tell something more about the responsibilities you have in your job in Facebook London.

Erbil K.: I joined Facebook about three years ago. When I first joined, my first mission was to bring Facebook to a billion of people in the world. When that mission was accomplished, my second mission was to bring free internet in third world countries. That was my mission for about a year and a half. Then, I was talking to colleagues from the London office and they asked me to help them with product teams. What I mean by product teams is cross-functional teams that are composed of designers, researchers, engineers and product managers. So, I moved to London about 8 months ago to build these product teams in London, who then build new products coming out of Facebook. That's my current responsibility.

D.P.: How did you get there? How did you get the job in Facebook?

Erbil K.: I've been in the Bay area about 7 years and I've been working on my own companies, my startups, almost the whole time. One of the things I care about the most is meeting people that are inspiring. I want to learn from them, be with them on а regular basis. During these 7 years I met a lot of Facebook people, either cofounders of Facebook or people who have been part of building the initial versions of Facebook. I was amazed by how smart these people are and how much I can learn from them. They've approached me a couple of times and told me about the different things I can do at Facebook.

After my last company I've decided to take the challenge. I wanted to see how it's like to work in Facebook and work around these smart people. To me, learning is as important as building. I thought if I'm there I'll have the opportunity to learn as much as possible from these people, but also build for a lot of people, while in my company there are only certain amount of customers you can build for. That's basically my journey to Facebook. I've been to the interviews later, of course.

D.P.: I'm sure many people would want to work at Facebook. What characteristics does one have to possess to be employed there?

Erbil K.: Facebook hires a lot of software engineers - software engineers who have a lot of different backgrounds. What we're looking for usually is the ability to build things. So, what they're doing here at Codefest is actually something we're looking for. A lot of people learn things, but they're not able to turn what they've learned into practice. This is actually something very important to us - people who are able to turn the knowledge into practice, into product is the first thing we're looking for. We're also looking for people who can collaborate, people who can not only work alone because in a company of 10,000 people can collaborate and work with other people to build something better.

The last thing we're looking for is the ability to put complex problems into simpler ones and help solve it that way because a lot of times the problems we're facing are of massive scale and it might be impossible to solve them if you just take it for granted. So we're looking for people who can think analytically and put the problems into pieces so you can easily solve them. We're also looking for people with attitude. It's one of the most important thing in a company like Facebook - to maintan the culture, to keep the people positive, constructuve, collaborative so that people would always be able to build the most impactful, the most helpful features and the most impactful products. That requires certain attitude, so that's the thing we're looking for.


D.P.: What do you like most in working at Facebook?

Erbil K.: I joined the company for the people I could work with. Being able to work with them, being able to produce new ideas, new things with them is something fulfilling. It's something driving. Other than that, Facebook has 1.5 billion active users and very few of us have a chance to build something and the next day, the product you've built has the chance to touch 1.5 billion people's lives. Just thinking about how much you can change people's lives for better is very empowering.

D.P.: Can you tell me something more about your student experience since most of our readers are university students. How were you as a student?

Erbil K.: I was a terrible student. I really was a terrible student. For some reason I always kind of hesitated to go with the study course. Whenever someone told me to do something I would never do it. I'm like this since my childhood. At college I tried to look for different experiences cause computer science is really something that you can learn a lot of on your own. To me it was more important to meet like-minded people in college and exchange ideas and expose to different ideas cause I was programming then. Instead of taking my own courses I would just sneak into psychology department courses, economy department courses - basically the courses I would find interesting that would actually help me build on top of computer science.

Plus, I enjoyed having other cultural experiences. I was part of a music band and classical music group and photography group. I would spent probably half of my time exploring other aspects of my life. I feel like that, kind of, helped me to understand who I am and understand the skills I have and how to put them all together in a way that I could actually use to build new solutions to the problems I was seeing around.

During my studies I started to spend my nights, evenings, weekends, summer vacations in the computer laboratory together with my friends and come with new ideas and build on top of that. It kinda gave me the moment of confidence to build better and better products, more and more complex products. Then was in the third year of studies I got the opportunity to go and work in the Silicon Valley so I decided to just take the opportunity and leave the rest behind.


D.P.: Would you advice nowadays students to do the same or something similar?

Erbil K.: I would definitely advice them to expose themselves to as many new things as possible. One of the challenges of the traditional education is that it narrows your options down and it doesn't necesseraly remind you that what you learn can be applied to different things and that's the reason why a lot of kids ask: Why am I learning this? When am I going to use this? The reason why they're asking that is because nobody is telling them how they can use all of the information. So, there's no application, focus in traditional education. I would definitely recommend them to explore that part of education on their own and see what they can build from their learning, which would help them understand what else they need to learn to build better things. So I would say if you're devoting half of your energy to traditional education you need to at least dedicate the other half to exploring a lot of other things.

D.P.: You mentioned you're a founder of some startups. Can you tell us something more about that?

Erbil K.: The first company I founded while I was still at school, in college. We were building the Facebook of Turkey called Campus People. Our aim was to connect different college clubs together to either organize events together, like Codefest, and find sponsors or to collaborate or exchange information, exchange students to push themselves forward and motivate each other. That was a big success, actually. At least within the time that we had. We tried to apply that idea to different industries so we took the concept of social networking as we were learning a lot about social networking and the kind of things that drive people to interact online and we applied it in different industries. After building social college network, we built a social profession network which was acquired by a foundation.

After that we built a social gaming company, where we were actually building MMORPG multiple player online game engines where people on Facebook could actually go and play with people from other platforms like MySpace and mobile platforms. That turned into my journey in Silicon Valley where we built social speed dating service Speeddate.com. That was one of the top ten applications on the Facebook platform and it became one of the biggest successes from all of the startups I've done. I didn't stop there.

After that I built social learning platform for athletes. So, we were delivering solutions, so that users could go and learn from their past performances and also by collaborating with others through video, so an athlete would upload their performance so other athletes or coaches could just go online and comment on their videos. We were able to help at least a few athletes to make it to international teams, even get a few more medals on the Olympic games. That was my last company before Facebook.

D.P.: Let's get back to Facebook now. Why do you think it's so popular?

Erbil K.: I think it has done a few things it haven't been done. We all know each other and understand each other through very simple dynamics. One of them is names. This is what we, kind of, talk to each other and how we conceptually remind ourselves why we're in an interaction. The faces of people is the other thing that the brain can proccess really fast. You've probably had the experience when you've walked by someone that you haven't seen for 10 years, and you recognize the face, but not the name and sometimes the opposite happens.

I think Facebook put those two concepts really well so you have the face of people that your brain can process really fast and you have the real names of people, which didn't happen online before Facebook because people didn't think it would be possible to get people to use their real name online. Suddenly, you have something very attractive, something very simple to understand cause it's all about faces of people that you recognize or the name of the people that you recognize. People also have very natural command to connect and communicate. Facebook believes that we all have drives to open up, to share and to connect.

The way we connect is sometimes through sharing experiences. I share my experience to you, you share your experiences to me and that brings us closer together. That's very simple human need, human behavior and I think that's what drew most of the attention to Facebook initially. But Facebook also tried to advance what has been done in the industry and focus a lot on connecting more and more people. No wonder it has 1.5 billion people connected through it.


D.P.: Tell me something about Mark. What makes him a great leader?

Erbil K.: What makes him a great leader is his ability to bring the best people around. A lot of companies don't make it through because they're not able to attract the smartest people towards their mission. Mark is a very mission-focused person and he is able to get the smartest people excited through those missions. He is also very persistent and he is very determined about his goals. That gives him and Facebook an opportunity to think long-term. A lot of companies also don't necessarily make it through because they have very short-term goals and thinking. Mark is able to bring his long-term vision to the company and he is able to stay determined to that vision and bring people behind that. Those traits are what I think makes him unique and very few people in the world have that kind of stamina to be able to push things through for 10,000 people working for them.

D.P.: What projects are you working on now?

Erbil K.: I have a few projects. The most interesting one, probably, is what we call Knowledge graph. We're constantly learning about the world and about what's happening in the world and how people are attracted. This knowledge translates into things that makes people's lives easier. That's my current project. We're trying to use this knowledge and turn it into product and utilities that can enhance people's lives. This is a long term mission for us, for the company.


D.P.: What would you advice college students?

Erbil K.: A lot of people don't stop and think about their own purpose, their own dreams, their own goals. They just go with the flow. People tell them to go to school, get out from school, do your homework, go to exam, go to middle school, more exams, highschool, exams, college. Now, you're done with that, go to grad school. You're done with grad school, do you PhD, PostDoc, whatever. Society puts a lot of these structures and expectations on young people and a lot of times they're not encouraged to stop and think what their purpose is. I see that the people who are most fulfilled are also those who give themselves permission and give themselves enough time to think about their own purpose. It's okay not to be able to come up with a purpose the first time you're thinking about it. Constantly give yourself time and permission to think about your own purpose and break through those expectations.

This is something I still do every single year or maybe even every six months or so. I take enough time off to be disconnected from everything and just be myself and listen to myself and listen to my purpose cause your purpose might change as well, your dreams might change, as well. It you're able to do that I think you would be happier people.

Photo by Petrovski Zvonko