Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Оглас за вработување во ЕВН Македонија

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција со електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијаа EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

За во одделот Мерење и броила, во група Мерење кај големи потрошувачи, со место на извршување во КЕЦ Гостивар потребен е:

ТЕХНИЧАР ЗА МЕРНА ТЕХНИКА И БРОИЛА

Опис на работните задачи

• Инсталација, одржување и контрола на точноста на броила и мерни трансформатори кај полудиректно/индиректно (5А-ско) мерење кај примо-предајни мерни места (ЕВН Македонија со ЕЛЕМ и МЕПСО), индустриски потрошувачи, сумарно мерење во трафостаници х/0,4 kV, улично осветлување;
• Монтажа/замена на елементи од мерно место поради неисправност, неточност на мерните величини, дефект, редовно одржување или метролошка верификација;
• Одговорен за правилно функционирање на 5А-ски мерни места на територија на Гостивар, Кичево и Дебар, а по потреба и на целата територија на државата

Потребни квалификации и лични карактеристики

•IV степен средно електротехничко образование;
•Пожелно е познавање и користење на MS Office, англиски јазик и возачка дозвола Б категорија;
•Исполнителност и одговорност, флексибилност
•Мобилност, подготвеност за патување и работа подолга од редовното работно време

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 14.05.2015 година. Вашите документи испратете ги во .pdf или .doc формат, и големината на доставената документација не треба да надминува 3MB.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 

ПОРТИР – ОБЕЗБЕДУВАЧ

Во одделот Инфраструктура со работно место во Скопје, со договор на определено време.

Опис на работните задачи

• Надзор и обезбедување на влезниот простор и просториите во деловните објекти
• Прием и евиденција на влез на надворешни лица, упатување до соодветно место
• Контрола на движење низ деловните објекти
• Контрола на внес и излез на материјал, алати и опрема
• Грижа за клучеви од канцеларии и деловни простории
• Обезбедување на објект од пожар, кражба и оштетување

Потребни квалификации и лични карактеристики

•IV степен на образование
•Лиценца за вршење работи обезбедување на лица и имот
•Доверливост
•Способност за работа и справување со конфликтни ситуации