Креативен начин како студентите можат да се ослободат од стресот
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Се приближуваат крајните испити и колоквиуми, а со тоа се приближува и огромен стрес за студенти. За среќа, студентите од Универзитетот во Централен Ланкашир имаат совршен начин за ослободување од стресот - нивна сопствена соба за кучиња.
Организирана од унијата на студенти како дел од таканаречената SOS (Stressed Out Students) кампања, студентите кои се под стрес имаат можност да се гушкаат со кученца во оваа соба.
Во партнерство со „Guide Dogs charity“ (кои носат кученца во собата), настанот ќе се одржи на 7 мај. Местата мораат да бидат резервирани со цел да не се направи голема гужва и кученцата да бидат преплашени.
Интересно е тоа што веќе се резервирани местата и резервациската листа е достигната до максимум капацитет. Унијата вели дека благосостојбата на кученцата ќе биде нивниот врвен приоритет.
Според настанот кој е споделен на Фејсбук, „кученцата ќе имаат редовна пауза во текот на три часа и ќе бидат со нивните сопственици“.
Исто така, ќе биде поставена посебна соба за кученцата доколку им е потребно да се одморат.
Ова е одлична можност за кучињата кои моментално тренираат за водичи да бидат опкружени и да се навикнат да бидат во друштво на луѓето.