Оглас за вработување во АД Електрани на Македонија
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односипречистен текст Сл. весник бр. 74/2015 година и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 04— 3254/1 од 14. 05. 2015 година АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА- СКОПЈЕ објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД ЕЛЕМСкопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место: 1 (еден) извршител за работно место
Инженер за долгорочно планирање и анализа на возните редови, во Оддел за оперативно планирање и комерција/ во Сектор за производство на електрична енергија.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен/Електротехнички факултет или Машински факултет, 2 години работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 35.863 денари.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок.
Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:3008:00 часот до 15:3016:00 часот.
Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.
Со пријавата (своерачна лријава) кандидатите да достават
:- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија;
- Контакт телефон.
Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување. Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: АД Електрани на МакедонијаСкопје, Дирекција ул. 1 1 Октомври, 6р. 9, Скопје (со ознака ,за јавен оглас, ад елем- скопје